Дечко на шанк во скопски локал се забавува со девојка, а дома жена му ги заспива децата

Љубов голема, свадба со 300 луѓе, невестата пресреќно мавта со бурмата на рака, чиниш на среќата ќе ѝ нема крај. Се раѓа едно дете, се раѓа второ дете. Инстаграм и Фејсбук „горат“ од слики на среќното семејство, насмеани, фотографирани за сите можни пригоди, мекици, крштевки, првата прошетка, првото запче, цел албум „тато нѐ однесе на одмор“, родендени, слики од мажот и жената за нивните годишници од брак, прославени во романтична атмосфера и пропратени со изјави на љубов во коментарите под објавите, човек да им позавиди на идилата која ја живеат.

dechko-na-shank-vo-skopski-lokal-se-zabavuva-so-devojka-a-doma-zhena-mu-gi-zaspiva-decata-01.jpg

По некое време тој излегува во град и ете го на шанк во ноќен локал со некоја девојка, отворено флертува, па следно ниво се допири, честење тури пијалаци, смеа цела ноќ и наеднаш си заминува со девојката.

Можеби сум премногу конзервативна за 21-ви век, но мене тоа ми е тотално неприфатливо и несфатливо.

Женичката го испратила на излегување со другарите, наивно си седи дома и си ги заспива децата, а сопругот си ја „збогатил“ вечерта со некоја девојка која ја запознал на шанк.

Тогаш сите закоравени манири излегуваат на површина, сѐ што не прави со жена му, сега некако природно му доаѓа.

Што се случува луѓе?

Зошто сѐ почесто ги забораваме основните морални вредности?

Зошто стапуваме во брак, ако тоа за нас не е свето? Се ежам од ваквите сцени низ Скопје...

Без трошка срам набиваат „рогови“ на партнерите и партнерките, ни бурмите не ги вадат, до толку не се срамат од прељубата.

Треба да покажеме повеќе почит кон своите партнери, а ако поради какви било причини не сме веќе среќни и задоволни од врската или бракот, со време да ја прекинеме, па дури потоа да продолжиме понатаму.

Но, ергенскиот став на оженет маж е сосема непримерен. Истото важи и за жени кои изневеруваат. А такви ги има сѐ повеќе.

Без почит кон партнерите водат паралелни врски или „излети“ за една ноќ, ама важно на социјалните мрежи прикажуваат живот како од бајките со семејството.

Кого лажат? Нас или себе?

И не, не е до алкохолот, тој изговор веќе е клише.

До човекот е.

До (не)почитта кон личноста со која дал завети за љубов и верност до смрт.

До (не)почитта кон сопствените деца.

До (не)почитта кон себе.

Сите може да ги излажеме, но себе не.

Само едно ме интересира: дали ќе ве боли кога истото ќе им го прават на вашите ќерки и синови?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg