Милје од баба ми, гоблен: Предмети од минатото на моите баби и дедовци, кои ќе ви разбудат носталгија
Секој од нас дома има по некој предмет, кој е зачуван од времето на нашите баби и дедовци. Колку и да сакам да водам модерен живот, секогаш кога ќе погледнам во некој од овие предмети, ме обзема чувство на носталгија, чувство на љубопитност како живееле луѓето во минатото и најважно од сѐ, колку сме сега несвесни за вредноста на овие предмети.
Кога отидов кај мајка ми, најдов вакви антиквитети кои таа ги сочувала, благодарение на нејзиното чувство за вистинска вредност и почит кон оставината од претходните генерации.
Многу од овие предмети ме вратија во моето безгрижно детство, ми вратија спомени од куќата на моите покојни баба и дедо и се потсетив на начинот на кој тие се грижеа и ги чуваа предметите - тие за нив беа бесценети, бидејќи им користеа во секојдневието или беа изработени токму со нивните раце.
И покрај тоа што младината ги доживува овие стари предмети како нешто смешно и неупотребливо, факт е дека во западноевропските земји има антикварници, кои би дале мало богатство за некој од нив, особено затоа што датираат и од пред 100 години.
За мене тие имаат силна сентиментална вредност и ми будат само убави спомени.
Милје со галички вез од 1935 година - ракотворба на баба ми и бакарен послужавник од истиот период
Семеен албум од гравирана кожа од 1965 година, со фотографија од семејството на мојот чукун-дедо од Галичник, сликана 1922 година
Кандило, мермерна столна ламба од 1967 година и дрвена столица, која во 1924 година ја направил мојот прадедо
Дрвен послужавник, со слика во интарзија покриена со стакло, кој датира од 1918 година
Бакарно ѓезве и бакарен ѓугум, стари 100 години
Уште 4 предмети на следната страна...
Би можело да ве интересира:





