Празнични традиции од нашето детство, по кои денес сме носталгични
Домовите ни беа полни за Нова година - возрасните се забавуваа во дневна, а децата во детска соба. Купувавме честитки за блиските од тезгите на плоштад, а некогаш стигаа и по Нова година. Пријателите на родителите беа Дедо Мразовци. Многу работи се променети од тогаш... Кои традиции ви недостасуваат на вас?
Новогодишниот и божиќен период во минатото навистина беше еден од најубавите, а иако и денес многумина ја задржуваат еуфоријата, сепак многу работи се променети.
Секогаш ќе се сеќаваме на традициите кои ги имавме порано, а денес се многу поретки или веќе воопшто не постојат и сите се водат по нови и модерни обичаи.
Ситуации на кои се присетуваме со топлина во душата и ни будат носталгија:
Ги каневме соседите и пријателите да бидат Дедо Мраз за децата
Елките не ги китевме 2 месеца однапред, некои дури ги украсуваа и на 31-ви декември со фамозните стаклени лампиони
Не само за Нова година, туку и деновите потоа се поминуваа дома со полни трпези заедно со блиските
Одевме на плоштад за да си одбереме новогодишни честитки од тезгите и ги испраќавме на најблиските
Новогодишните честитки кои ни ги испраќаа бабите, дедовците, тетките и братучедите честопати стигаа задоцнето по Нова година па еуфоријата траеше
фото: depositphotos.com