Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Таа преголема самодоверба ќе те тресне од земја

Премногу самодоверба не секогаш е добра работа. Тоа влијае на егото и карактерот, создава тешки карактери и уште побунтовни темпераменти. Моментот кога самодовербата ќе те удри во глава, најчесто е мечот со две острици, кој ќе те вивне во небото, а веќе во наредниот момент ќе те „тресне” од земја.

taa-pregolema-samodoverba-ke-te-tresne-od-zemja_-01.jpg

Па, така, одеднаш партнерот решава да продолжи напред, а ти се чудиш што се случи преку ноќ. Сосема не го земаш предвид фактот дека вашата врска е на стаклени нозе, бидејќи ти сè земаш „здраво за готово".

Во врска сте 7 години, живеете заедно, па веќе сè е преминато во една комфорна зона, сигурна средина во која рутината е заштитен знак.  

Веќе сте туѓинци, кои зборуваат само кога треба, гледате филмови во посебни соби, не се размислува што треба да се промени и подобри во врската, како сè уште да си се допаднете еден на друг, како да работите на хемијата. 

Оттука ќе се сетиш на пријателката која не си ја побарала со месеци, бидејќи имаше работа од соништата која го окупираше твоето време 24/7. Пријателката со која се дружиш од мали нозе и која била тука секогаш.

Сега ја нема, бидејќи нејзиното време е драгоцено, па така однапред еден месец ќе се слушнете да си кажете што е ново и да договорите средба за еден месец од сега. И таа ја научила лекцијата како сакаш да функционирате. 

И тогаш ќе се присетиш на времето кога се врати од породилно отсуство, а ниеден твој колега не те очекуваше, па се почувствува како да си дојдена да работиш на ново работно место. 

Одеднаш сè беше познато, а всушност незнајно. Оддеднаш сите околу тебе се поподготвени за работни предизвици од тебе. Ти си човекот „за испомош, доколку има потреба од нешто”.

Самодовербата срушена, разочараност, огорченост – измешани чувства. 

И сето ова ќе те тресне од земја и ќе те потсети дека кој високо лета, најчесто ниско паѓа и дека секој еден е заменлив.  

Па, затоа, создади ја најдобрата верзија од себеси, но секогаш заврти се позади да видиш што оставаш и да погледнеш каде се наоѓаш, чија рака е важно да ја држиш кога ќе паѓаш и од чии окови треба да се оттргнеш.

И тогаш сфаќаш... „Да, без секого сѐ може, па и без тебе".

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Најкратката мудра приказна за среќата (и тројцата браќа) Доколку овие денови ви недостига среќа, оваа приказна е патоказ како да ја прона...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Ване Маркоски за CRNOBELO лексикон: „Му ја вадев душата на дедо ми од правење бељи“ „'Какви ги има, ти си супер' е најсмешниот комплимент што некогаш сум го до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg