За другарките кои го забораваат твојот роденден, се јавуваат само кога им треба нешто и немаат проблем да се гледаат со твојот бивши

Велат, до твојата 30-та година, твоите најдобри пријатели ќе можеш да ги изброиш само на една рака. Размислете, има вистина, нели?

za-drugarkite-koi-go-zaboravaat-tvojot-rodenden-i-se-javuvaat-samo-koga-im-treba-nesto-1.jpg

Другарствата растат како што растеме и ние, но со созревањето наше, не созрева и секое заедничко пријателство.

Затоа секое едно треба да се негува, а оние што не ни влијаат добро и тоа како треба да ги избегнуваме.

Почнувајќи од „другарката“ која секогаш е неволна за дружба, освен кога нема одредена потреба за совет, прашање или едноставно нема што да прави, па решава да си го пополни времето.

За „другарките“ кои те оставаат на цедило, доколку некој друг има поатрактивна понуда за дружба, па веднаш решаваат да заминат на друго место.

За „другарките“ кои секогаш немаат пари за излегување, па чекаат да ги почестиш. Понекогаш тоа е убав гест, но секојпат? Не баш.

За оние кои се искрени со себе, но не и со тебе, па честопати решаваат да споделат само еден дел од приказната - оној кој нив им одговара за да го добијат одговорот што го чекаат.

За лицемерните, кои веднаш штом станеш од кафе, коментираат што си облекла, зошто не си оставила бакшиш и кои знаат сè за тебе, но одвај чекаат да те прашаат што има ново?

За „другарките“ кои немаат проблем да се гледаат со твој бивши дечко бидејќи вашата историја завршила.

За „другарките“ кои кафето со тебе не го ставаат на приоритетна листа, па секогаш мора да се договориш една недела однапред.

За „другарките“ кои го забораваат твојот роденден, но очекуваат подарок за нивниот ден.

И за сите други „другарки“ на овој свет со кого некогаш си делела сѐ, а сега се само пријателства кои полека избледуваат.

Не е залудна изреката „Пријателите се фамилијата која самата ја одбираш“.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело

фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg