Теорија на преживување
Затвориле теориски физичар, практичар физичар и математичар во 3 различни келии и им дале конзерва храна без отварач. Ги оставиле така месец дена. Кога стражарите дошле после еден месец ги затекнале во следнава ситуација:
Кај теорискиот физичар сите ѕидови биле испишани со формули, конзервата отворена, храната изедена и физичарот жив и здрав. Стражарите го прашале како му успеало, а тој им објаснил дека пресметал со која јачина, под кој агол и во која точка да ја удри конзервата од ѕид за да се отвори.
Кај физичарот практичар ѕидовите стоеле излупени, креветот растурен, он целиот расчупан, но конзервата сепак отворена и тој жив и здрав. Стражарите го прашале како му успеало, а тој им објаснил дека ја фрлал конзервата со различна сила под различни агли се додека не му успеало да ја отвори.
Кај математичарот влегле стражарите – ќелијата уредна, креветот наместен, а математичарот лежи мртов на подот со конзерва во рака, а на конзервата напишано:
Храната е неопходна за живот. Да го претпоставиме спротивното...