„Ако имаш повеќе, подели“ - Најубавите совети од мојата баба Марика за љубовта, животот и семејството

Не ги пуштајте децата да јадат на улица. Сигурно има некое дете што живее во сиромаштија и можеби нема парче леб да изеде. Никој не треба да се соблазнува со храна.

И тогаш имало голема сиромаштија, а и сега се соочуваме со многу тешки времиња. Треба да имаме предвид дека не секој го има тоа што го имаме ние. Не сме сите благословени на ист начин. Најдоброто нешто кое можеме да го направиме е да не ги соблазнуваме оние кои немаат со нештата кои ние ги имаме.

Преку тоа се гледа нашата човечност.

Ако имаш повеќе, раздели го на тие што го немаат. Ако имаш две исти работи, подари ја едната.

Овој совет се надоврзува на претходниот. И навистина е така. Ако имаме повеќе од што ни треба, зошто би го чувале а да не го дадеме некому? Да стоплиме некој со облека, да нахраниме некој со парче леб, да бидеме причина за нечија насмевка.

Домашните проблеми оставајте си ги дома, не ги носете со вас кога ќе излезете надвор од прагот.

Секогаш велела дека малкумина се оние на кои ќе им е грижа за вашите проблеми, и кои ќе имаат сострадание кон вас и кои ќе сакаат да ви помогнат. Луѓето знаат да бидат зајадливи и злобни, и затоа ќе им е мило да слушнат дека поминувате низ тежок период. Затоа секогаш се грижела за едно стабилно и цврсто семејство, исполнето со љубов, добрина, разбирање.

Тие што прават зло, не се плашат ли од Бог?

Секогаш се чудела како постојат луѓе кои прават зло, кои од завист живеат, кои љубоморат, кои нанесуваат болка и тага. Мојата баба била голем верник, и секогаш се осврнувала кон Бог. Затоа и живеела во страв да не нанесе зло некому, се трудела да живее како добра личност.

И за на крај, мојот омилен совет од неа.

Со добрина кон сите.

Овој совет ме крепи, секогаш ме тера да чекорам напред, и да се трудам да бидам подобар човек. Секој од нас води свои лични битки за кои ние не знаеме, затоа треба кротко да се однесуваме кон сите, кротко да постапуваме. Да не осудуваме, и да не претпоставуваме. Бидејќи од тие работи доаѓа најголемото човечко зло.

Soveti-od-mojata-baba-preneseni-niz-godinite-za-ljubovta-zhivotot-semejstvoto-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кирил Ангелов | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg