Боли кога децата не ти се јавуваат и ти го забораваат роденденот, а си им дал сè – кратка приказна за староста
На социјалните мрежи и по српските медиуми вирално се шири приказна од непознат автор за една повозрасна жена и мајка, која зборува за нејзината осаменост и вреди да се сподели.
Ја пренесуваме во целост, а со сигурност ќе допре длабоко во сечие срце:
„Имам 65 години и живеам сама. Двете деца, синот и ќерката, имаат свој живот далеку од овде, имаат свои деца и свои проблеми.
Не им се јавувам, чекам тие да се сетат, а тоа се случува мошне ретко. Оваа година заборавија да ми го честитаат и роденденот. Не е важно, не им замерив.
Знам како им е, и јас бев фрустрирана во нивните години. Премногу си скратував на себе грижејќи се како да ги одгледам и да им го овозможам сето она што им е неопходно.
Драго ми е што успеав да ги школувам и да направам добри луѓе од нив, но жал ми е што сум се нервирала за толку многу работи.
Поради што? За да седам цел ден сама помеѓу 4 ѕида, чекајќи да ми заѕвони телефонот и бар некој да ми каже „Среќен роденден“ и да се чувствувам така лошо и напуштено како пес?
Па нека… ви благодарам. Можам јас сè сама. Јас секогаш ќе најдам некое хоби и ќе се обидувам да имам позитивни мисли. А вам нека ви е Бог на помош. Ќе се молам животот да не ви додели судбина каква што мене ме снајде.
Ќе се молам вашите деца да не ве заборават, дури и кога секогаш сте биле тука за нив и сте им помогнале во секоја ситуација, исто онака како што вие ме заборавивте. Нека… не ви замерувам.
Но, ќе се сетите на мене кога ќе ме нема повеќе. Ќе се сетите и на роденденот и на сè, и тогаш низ глава ќе ви помине секоја ситуација во која сте ѝ погрешиле на својата мајка.
Мајката ве довела онаму каде што сте, тоа не може да се заборави туку-така. Но нека… додека сум жива ќе бидам тука за вас, без обѕир на сè – рекла тажната жена.“
Непознат автор