Денес ми е ден за благодарам – благодарам на трпеливиот сопруг, на ведрата продавачка, на бабата од влез

denes-mi-e-den-za-blagodaram-blagodaram-na-trpeliviot-soprug-na-vedrata-prodavachka-na-babata-od-vlez-01.jpg

Денес ми е ден кога сакам да искажам благодарност за сè убаво што ми се случи во текот на денот...

И планирам вака секој ден! Обиди се и ти, ќе ти биде топло на срцето... Не знам, но мене ми е, искрено.

Благодарам на мојот толерантен сопруг што ме трпеше од рано наутро со сите мои реално нереални планови и дури ми даде поддршка дека ќе се обиде да ми помогне.

denes-mi-e-den-za-blagodaram-blagodaram-na-trpeliviot-soprug-na-vedrata-prodavachka-na-babata-od-vlez-04.jpg

Благодарам на продавачката која од срце ми се насмевна додека ѝ плаќав на каса, иако ѝ ги собрав сите ситни пари.

Благодарам на возачот со црниот автомобил, кој ми застана на пешачкиот премин, иако јас уште не бев ниту стигната до него.

Благодарам на тетката салатерка која во локалот до моето работно место секогаш со љубов ги прави салатите и тие се вкусни прсти да излижеш.

Благодарам на бабичката што ми ја придржа вратата кога влегував во зграда.

Благодарам на чичкото од соседната зграда кој ми кажа дека зрачам со убава енергија токму во миг кога тоа ми беше потребно.

denes-mi-e-den-za-blagodaram-blagodaram-na-trpeliviot-soprug-na-vedrata-prodavachka-na-babata-od-vlez-03.jpg

Благодарам на сестра ми која трпеливо ме слуша и со тешко срце, но сепак ми дава поддршка за моите најлуди авантури.

Благодарам на татко ми што ми простува кога ќе заборавам да му вратам на повикот и тоа ќе го сторам по 3 часа, а тој пак со насмевка ми вели „ало“.

Благодарам на животот што е убав.

И што имаме и сонце и природа и насмевки и уште еден ден живот.

denes-mi-e-den-za-blagodaram-blagodaram-na-trpeliviot-soprug-na-vedrata-prodavachka-na-babata-od-vlez-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg