Со маж ми на секое патување запознаваме по еден прекрасен пар – ни стануваат пријатели за цел живот и нема поубаво

so-mazh-mi-na-sekoe-patuvanje-zapoznavame-po-eden-prekrasen-par-ni-stanuvaat-prijateli-za-cel-zhivot-i-nema-poubavo-01.jpg

Со сопругот обожаваме патувања и го обожаваме животот... Функционираме лежернo во пристапот кон тоа како треба да ни изгледа еден ден - со главна цел да бидеме среќни и да ни е забавно секој ден (по можност).

Па, така омилени ни се патувањата и познанствата кои произлегуваат од нив.

Особено кога станува збор за организирани патувања, не се враќаме без низа нови познанства и најмалку еден пар нови, прекрасни пријатели.

Па, така до денес се дружиме со парот што го запознавме лани на одмор во Египет, а од годинава имаме уште еден пар прекрасни пријатели, од пролетното патување во Италија.

Со овие луѓе од старт нè поврзува страста за патувања, за авантури и секојпат кога ќе ги видиме нè асоцираат на нешто убаво.

so-mazh-mi-na-sekoe-patuvanje-zapoznavame-po-eden-prekrasen-par-ni-stanuvaat-prijateli-za-cel-zhivot-i-nema-poubavo-03.jpg

Секојпат ни враќаат спомени на тоа патување на кое сме се запознале и често си евоцираме симпатични спомени.

По патувањата следуваат кафе средби, па дружби по дома на гости, дури и родендени и свадби, а најубаво од сè e планирањето на нови заеднички патувања.

Си споделуваме и радости и маки, но некако сè е неоптоварено, лесно, си доаѓа природно.

so-mazh-mi-na-sekoe-patuvanje-zapoznavame-po-eden-prekrasen-par-ni-stanuvaat-prijateli-za-cel-zhivot-i-nema-poubavo-02.jpg

Фокусот на заедничката страст – истражувањето каде да се отпатува следо, па симпатичното гуглање на инфо за разни дестинации, па разменување искуства што сме дознале ни е омилена тема, нормално попатно запознавајќи се еден со друг како личности, од тоа до каде сме на поле кариера, спомени од детство, планови за иднина, претставување на членовите од најблиското семејство.

Уште од сега ми е симпатично во глава кога ќе помислам како би изгледале нашите средби пример за 50 години од сега.

„Ех, се сеќавате кога бевме млади и бевме таму и таму на патување...“

Бесценето, зарем не?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg