Eдна од најсреќните одлуки во мојот живот e да не се оптоварувам што мислат другите за мене
Eдна од најсреќните одлуки кои ги донесов во мојот живот е да ги пуштам луѓето да мислат за мене што сакаат. На крајот на краиштата, тоа е нивна работа, тоа се нивни мисли и нивно време, кое го трошат онака како што сакаат.
Каква врска имам јас со тоа? Никаква!
Затоа по оваа одлука, јас сум слободна! Повеќе не се плашам дека ќе разочарам некого. Нема да потрошам ниту миг на кавги. Не влегувам во никаква дискусија. Нема да докажувам дали сум во право или грешам.
Мрзелива сум јас за тоа. И навистина жалам за времето кога не бев мрзелива.
Мрзелива сум за да разговарам со оние со кои не сакам. Мрзелива да водам глупави дебати и да се допишувам со луѓе кои не ми се интересни, кои сакаат да ми закачат етикета за своите, а не за моите комплекси или да разговараат со мене за нешто за кое јас не сакам да разговарам со нив.
Мрзелива сум да кажувам ДА, кога сите мене ми кажуваат НЕ.
Мрзелива сум да се извинувам за своето мислење, кое никогаш на никого не го наметнувам.
Научете се на таа мрзеливост, драги мои.
Затоа што токму таа ќе ви ги сочува луѓето кои ви се важни во животот.Ќе ви овозможи да им помогнете на оние на кои вашата помош им е навистина потребна и да не губите време на глупости.
Ќе ви даде сила да ги откачите оние кои не ве сакаат, а упорно ви се мешаат во животот.
Мрзеливоста ќе направи голема чистка во вашиот живот, по која во него ќе останат само оние кои ви се потребни.
Ослободувањето од сите непотребни работи на секое ниво е еден од условите за сочувување на психичкото здравје.
Ништо не е поразорувачко од зависноста од туѓото мислење и насилството врз сам себе, додека се трудиме да бидеме добри за сите и да ги исполниме туѓите очекувања.
Престанете емоционално да им служите на оние кои сметаат дека нивното мислење треба да влијае на вашиот живот.
Никој освен вие самите не треба да влијае врз вас.
И затоа, оставете да мислат за вас апсолутно што сакаат. Тоа не е ваша работа.