Ми недостига времето кога „вртевме“ со ламбади и лижевме „степ дринк“ од рака
Кога читавме „Наш свет“ и „Развигор“, кога бевме опседнати со момчињата од бендовите како „Backstreet Boys“ и се каравме кој од нив е најубав, кога вртевме на фиксен, „дишевме на слушалка“ и спуштавме, кога се „тресевме“ пред испрашување...
Кога ќе се сетам на детството, топло ми е на срцето и на ум ми паѓа:
Кога „вртевме“ со ламбадите со другарка ми на училиште,
Кога лижевме „степ дринк“ од рака,
Кога игравме народна, одбојка, грабни стапче, цигарче,
Кога скокавме на ластик и игравме џамија,
Кога стиховите на песните ги имаше во списанија и ги учевме на памет,
Кога си зборевме преку токи-воки,
Koга се радувавме кога имавме голем прибор, преполн со разни работи,
Кога потполнувавме лексикони,
Кога пишувавме дневници и ги криевме, затоа што таму ни беа најгооолемите тајни,
Кога лепевме постери на ѕидовите во детска соба и собиравме постери во папки,
Кога бевме опседнати со момчињата од бендовите како „Backstreet Boys“ и се каравме кој од нив е најубав,
Кога вртевме на фиксен, „дишевме на слушалка“ и спуштавме,
Кога остававме порака кај родителите на другарките „нека ми се јави кога ќе дојде дома“,
Кога читавме „Наш свет“ и „Развигор“,
Кога одењето на екскурзија од училиште ни беше настан на годината,
Кога носевме фиксна протеза и броевме денови да ја извадиме порано затоа што сакаме да си фатиме момче/девојка,
Кога си стававме обетки - лепенки,
Кога бегавме од часови и се молевме дома да не нè дознаат,
Кога на учителките им смислувавме прекари,
Кога ѕиркавме под биро која учителка ги соблекла обувките затоа што ја стискаат и се смеевме,
Кога се „тресевме“ пред испрашување,
Кога си подававме ливчиња и „препишувавме“ на тест,
Кога си стававме печати на рацете, собиравме детска пошта и се менувавме со ливчиња,
Кога бевме колекционери на салфетки, шишенца од парфеми и што уште не,
Кога бевме опседнати со „Касандра“ и „Млади бунтовници“,
Кога си титкавме на мобилен телефон,
Кога се будевме со будилници, а не со аларам од телефон,
Кога животот беше поедноставен, а деновите безгрижни.
Кога бевме деца и кога ни беше најубаво на свет.
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело