Приказната за Бојан и неговиот татко e вистинската поука за сите родители

Таткото го испратил Бојан со зборовите: „Сине мој, ако ненадејно се почувствуваш лошо и исплашено ова е за тебе – и му ставил нешто во џебот.“

prikaznata-za-bojan-i-negoviot-tatko-kje-vi-gi-nasolzi-ochite-taka-e-toa-vo-zhivotot-01.jpg

Родителите на малиот Бојан секоја година за време на летниот распуст го носеле кај неговата баба и следниот ден се враќале дома.

Еден ден момчето им кажало на родителите:

„Сега веќе сум голем, што велите оваа година сам да отпатувам кај баба?“

По кратка дискусија, родителите се согласиле.

Стоеле на перонот, му ги давале последните совети на Бојан и му мавтале.

Момчето додека ги слушало советите, си мислело: „Знам сè, ми кажавте 100 пати“.

Пред поаѓањето татко му го прегрнал уште еднаш и му шепнал:

„Сине мој, ако ненадејно се почувствуваш лошо и исплашено ова е за тебе – и му ставил нешто во џебот.“

За првпат во животот момчето седело само во воз без родители. Го набљудувал пејзажот преку прозорецот, непознати луѓе се туркале во возот и правеле врева, доаѓале и си оделе од купето, а кондуктерот го прашал дали е сам... Дури му се причинило дека еден човек тажно го гледа.

Така момчето сè повеќе и повеќе се чувствувало непријатно. Дури почнало да се плаши.

Ја наведнало главата, се стиснало во ќошето од седиштето и солзи му протекле од очите.

Во тој миг Бојан се сетил дека неговиот татко му ставил нешто во џебот. Со рака која му се тресе од страв го отворил книжето и прочитал: „Сине мој, јас сум тука во последниот вагон.“

Така е во животот, понекогаш мора да ги пуштиш своите деца и да им веруваш, но секогаш треба да бидеш тука некаде за нив во последниот вагон, да го знаат тоа и да не се плашат.

Извор

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg