Милениумскиот крст на Водно е „стар“ 20 години – импресивна градба во чест на новиот милениум и христијанството (фото)
На врвот Крстовар на Водно, гордо, со 66 метри висина, се издигнува една од највисоките градби во Македонија.
Милениумскиот крст е изграден во 2002 година, во чест на 2000 илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.
Конструкцијата на објектот започнала во 2002, а била финансирана од Македонската православна црква, македонската Влада, дарители од Македонија како и македонски иселеници ширум светот.
Крстот е намерно изграден на највисоката точка на Водно, место наречено „Крстовар“ (Место на крстот), бидејќи во минатото таму имало помал крст.
6 години подоцна, во внатрешноста на крстот бил вграден и лифт, на Денот на независноста на Република Македонија односно 8 септември, 2008 година.
https://www.instagram.com/p/CU9iCwgKB8X/
Зад проектот „Милениумски крст“ се потпишуваат архитектите Јован Стефановски-Жан и Оливер Петровски.
Жичарницата (т.е. првиот дел) која води до Милениумскиот крст на Водно за првпат била пуштена во употреба на 3 јуни 2011 година.
Горди сме што го имаме Милениумскиот крст на Водно и што годинава славиме 20 години од неговата изградба.
https://www.instagram.com/p/CTxIODoszio/
(О)Милена | Црнобело