Знаеш што си ти? Ти си љубов!

znaesh-shto-si-ti-ti-si-ljubov-01.jpg

Љубов си затоа што си светлото, кога сѐ е мрак,

Љубов си затоа што се смееш и кога ти се плаче,

Љубов си затоа што си непоравлив оптимист,

Љубов си затоа што не сакаш никој да е тажен и затоа што за луѓето што ги сакаш би го дал и срцето,

Љубов си затоа што си смирен и кога светот е во пламен,

Љубов си затоа што си чиста душа,

Љубов си затоа никого не осудуваш, напаѓаш, омаловажуваш,

Љубов си затоа што си светло на крајот од тунелот,

Љубов си затоа што и кога ти е најлошо мислиш прво на другите,

Љубов си затоа што успеваш да се воздржиш да пратиш некои ликови таму каде што им е местото,

Љубов си затоа што знаеш да сакаш со невина и детска искреност,

Љубов си затоа што немаш скриени намери и веруваш дека и другите немаат,

Љубов си затоа што веруваш на збор,

Љубов си затоа што и кога некој те искористува ти веруваш дека е со чесни намери,

Љубов си затоа што мислиш дека светот е добар така како што си ти

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на г...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg