„Несреќна сум, со сопругот сме само цимери, но 30 години сме во брак - успеав во животот“

Не, не е успех во животот да ти опстане мизерниот брак каде целата комуникацијата се сведува на што ќе јадеме денес и која политичка емисија ќе ја гледаме - не дели совети, те молам!

nesrekjna-sum-so-soprugot-sme-samo-cimeri-no-20-godini-sme-vo-brak-uspeav-vo-zhivotot-01.jpg

Не, не успеа во животот, само затоа што бракот ти опстанал. Бракот треба да ти биде среќен за да се пофалиш дека ја знаеш тајната и магијата.

Не можеш да делиш совети ако со сопругот сте само цимери,

Ако не сте се погледнале повеќе од една деценија,

Ако тој не те прегрнал или помилувал во најмалку последните 5 години,

Ако комуникацијата ви се сведува на што ќе јадеме денес и која политичка емисија ќе ја гледаме,

Ако не споделувате ништо,

Ако немате заеднички активности,

Ако секој си води паралелен начин на живот,

Ако сте само цимери кои се среќаваат за јадење и спиење,

Ако сте без грам убава емоција еден кон друг,

Ако никогаш не си изразувате љубов,

Ако не се смеете заедно,

Ако не ја будите искрата еден во друг,

Ако не си ги правите еден на друг животите повредни за живеење,

Ако сте впловени во сива монотонија, здодевност и шаблонско функционирање,

Ако не патувате,

Ако не се радувате,

Ако не си споменувате за денот кога се запознавте, за ноќта кога се вљубивте,

Ако не го пофалите за нешто партнерот, наместо тој да ви е пример за сè погрешно во животот,

Ако бракот не го сфаќате како затвор и ропство,

Ако не сметате дека бракот е местото од каде добивате крилја за да го освоите светот, а не место каде ви се сечат истите,

Ако не сметате дека иако сте во брак, смеете да имате живот надвор од него,

Ако не сте свесни дека за да бидете среќни во брак, прво треба да бидете среќни самите...

Тогаш не ми давајте брачни совети!

Совети од луѓе кои имаат долг, но мизерен брак – не сакам. Прифаќам совети само од луѓе во среќен брак.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg