Приказна: Веселата мравка

Си живеела еднаш една среќна и вредна мравка која секој ден доаѓала рано наутро, прва на работа. Цел ден работела вредно, била весела ведра и додека работела си потпевнувала весели песнички.

prikazna-veselata-mravka-001.jpg

Таа била среќна додека работела и нејзините резултати биле одлични.

Но, работела без насоки, затоа што немала шеф. Затоа господинот стршлен, директорот на фирмата, одлучил дека таквата ситуација не може да потрае и ја вработил бубамарата, која имала големо искуство во управувањето.

Првата грижа на бубамарата  била да организира следење на доаѓањето и заминувањето од работа на мравката. За таа цел вовела систем на приемни документи и документи за напуштање на работното место. 

Поради зголемениот обем на работа околу документацијата вработиле и секретарка која што подготвувала документи и извештаи.

Пајакот, кој бил поставен на таа функција, веднаш воспоставил систем на архивирање и станал одговорен и за преземање на телефонските повици.

Во меѓувреме среќната мравка само си работела и си работела...Директорот стршлен бил воодушевен од извештаите што ги добивал од бубамарата и наскоро посакал споредбени студии со графикони и анализи на трендовите на развој.

Поради зголемениот обем на работа неопходно било да вработат и крт кој директно би му помагал на директорот, па затоа веднаш му купиле нов компјутер и печатар.

Набргу среќната мравка почнала да се жали на таа административна војска со која морала да се бори. Директорот увидел дека е потребно веднаш да се реагира.

Креирал ново работно место, шеф на службата кој директно би ја надгледувал среќната и вредна мравка. На новото работно место го вработил штурецот кој веднаш по доаѓањето го сменил целокупниот мебел во канцеларијата и си набавил ергономски обликувана столица и нов компјутер со ЛЦД екран.

Бидејќи пораснал бројот на компјутери, морало да се купи и да се инсталира мрежен сервер.

Новиот шеф на службата сфатил дека итно му е потребен помошник (кој му бил помошник и во претходната фирма) за подготвување на стратешки нацрт за управување и пресметки во фирмата.

Во позадината на целата приказна мравката била сè помалку среќна и сè помалку продуктивна.

Шефот, штурецот со одушевување заклучил дека треба да се изготви студија за социјалното расположение и задоволството на вработените во фирмата.

Кога директорот, стршлен ги погледнал цифрите, сфатил дека фирмата во која работела среќната и вредна мравка, повеќе не е рентабилна како порано и длабоко се замислил.

Изнајмил елитен советник, господинот буф, кој требало да направи детална дијагностика на фирмата и да предложи решение за подобрување на рентабилноста, за  фирмата да работи рентабилно како порано.

Господинот був по тримесечно детално анализирање на односите во фирмата, на директорот му го предал следниот извештај: „Во фирмата има премногу вработени!“.

Директорот стршлен ја прифатил стручната анализа и веднаш ја отпуштил мравката.

Поука

Никогаш немојте да бидете среќна и вредна мравка. Многу повеќе се исплати да се биде неспособен и ништо да не се работи. Неспособните немаат потреба од сопствен надзорник.

Ако покрај сè сте продуктивни, немојте да покажете дека сте весели додека работите, бидејќи за тоа нема оправдување.

Ако сепак сакате да сте вредна мравка, основајте сопствена фирма и така нема да морате да работите за стршленот, бубамарата, пајакот, кртот, штурецот и бувот.

За жал, целата приказна се темели на научни истражувања кои велат дека повеќето луѓе сепак тежнеат кон паразитски живот.

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg