Мамо, сите имаат електричен тротинет, купи ми за да не бидам „црната овца“ во друштвото

Нека крене два прста тој што како помал не побарал одредена работа од родителите само затоа што „сите други го имаат тоа“. Не постои таков. Само што ќе ви го кажам одговорот на моите родители, за кој верувам дека и многумина од вас добиле истиот: „А ако сите се фрлат од мостот и ти ли ќе го направиш тоа?“

Mamo-kupi-mi-elektrichen-trotinet-01.jpg

Да, ова е безобразен, нефер и страшно иритирачки одговор за едно мало дете, ама погодете што? – лутината поминува и се преживува и без тие ролери, нинтендо или не знам кој последен моден крик на технологијата.

Но, денес ваквиот одговор е неприфатлив. И доколку му го кажете ова на своето дете, голема е веројатноста дека навистина ќе оди и ќе се фрли од мостот во знак на револт поради неисполнетата желба.

Проблемот е во тоа што навистина „сите имаат“. Сите имаат скапи телефони, сите имаат скапи патики и најново – очигледно сите имаат електрични тротинети.

И вашето дете е единствената „црна овца“ во друштвото. И тоа плаче, и се нервира и се фрустрира, а и вие заедно со него.

И си велите – па каде погрешив јас кога сите останати 7 деца во неговото друштво имаат тротинети, а само моето нема? Треба ли моето дете да биде огорчено и да страда поради тоа?

Не, ги стискате забите, кроите, прекројувате, кратите и шиете таму каде што е најтенко и се кине и го купувате тој проклет електричен тротинет. Само детето да не страда.

Од една страна, ова донекаде го разбирам. Имате можност со малку жртвување да му купите нешто и не сакате да живее со горчина и фрустрација, да биде изолирано од друштвото.

Од друга страна, знам дека ви доаѓа да му се развикате да си најде ново друштво и да не се занесува или да си заработи пари, па да си купи сам и да види дали е тоа толку лесно.

Од трета страна, денес се патиките, утре е тротинетот, а задутре? Задутре ќе ви каже – па сите имаат нови коли, кога ќе ја добијам јас мојата? Или – сите имаат станови, мојот клуч каде е?

Добро е што сакаме да си ги заштитиме децата од светот кој и онака е премногу суров, па не мора да ја осознаат сета лошотија од мали нозе. Животот нема да ги гали, да го правиме ние тоа, барем додека се мали.

Лошо е што по линијата на помал отпор им подаруваме работи кои одвај може да ги дозволиме, само за да не се чувствуваат поразлично од другите. Ова нè води кон еден нездрав систем, расипнички свет, во кој секое дете мисли дека му следува сè, само затоа што „сите други имаат“.

Кое е вашето мислење? Би му купувале ли работи на детето што реално не можете да си ги дозволите, само за да не се чувствува фрустрирано, посрамено и да не биде „црната овца“ во друштвото?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Со друштвото си ги купивме најгрдите маички за Нова година наместо убави подароци (и пресреќни сме) Иако идејата тргна од мене, сите мои пријатели сфатиле дека треба да купат грди ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg