Капитализмот низ светот

Сигурно ги имате досега слушнато зборовите социјализам, комунизам, фашизам, нацизам, бирократија... Конечно сето тоа станува разбирливо...

kapitalizmot-niz-svetot-0001.jpg

Социјализам

Имаш 2 крави. Му даваш една на комшијата.

Комунизам

Имаш 2 крави. Државатa ти ги зема двете и ти дава малку млеко.

Фашизам

Имаш 2 крави. Државата ти ги зема двете и ти продава малку млеко.

Нацизам

Имаш 2 крави. Државата ти ги зема двете и те убива.

Бирократија

Имаш 2 крави. Државата ти ги зема двете, убива една, ја молзе другата и го фрла млекото.

Традиционален Капитализам

Имаш 2 крави. Ја продаваш едната и купуваш бик. Ти се множи стадото и економијата расте. Ги продаваш и се пензионираш со профитот.

Американски Капитализам

Имаш 2 крави. Продаваш една и ја форсираш другата да даде млеко колку четири крави. Подоцна, најмуваш консултант за да направи анализа зошто кравата цркнала.

Француски Капитализам

Имаш 2 крави. Почнуваш штрајк, организираш немири и блокади на патиштата затоа што сакаш 3 крави.

Јапонски Капитализам

Имаш 2 крави. Ги редизајнираш да бидат 1/10 од големината на нормална крава и да даваат дваесет пати повеќе млеко.

Германски Капитализам

Имаш 2 крави. Ги модифицираш генетски да живеат 100 години, да јадат еднаш месечно и самите да се молзат.

Италијански Капитализам

Имаш 2 крави, ама не знаеш каде се. Решаваш да одиш на ручек.

Руски Капитализам

Имаш 2 крави. Ги пребројуваш и откриваш дека имаш 5 крави. Ги пребројуваш уште еднаш и откриваш дека имаш 42 крави. Ги пребројуваш уште еднаш и откриваш дека имаш 2 крави. Си отвораш ново шише вотка.

Швајцарски Капитализам

Имаш 5000 крави. Ниту една не е твоја. Им наплаќаш на сопствениците за да им ги чуваш на безбедно.

Кинески Капитализам

Имаш 2 крави. Имаш 300 луѓе кои ги молзат. Велиш дека имаш голема вработеност и висока продуктивност на добитокот. Ги апсиш новинарите што објавуваат поинаку.

Индиски Капитализам

Имаш 2 крави. Ги обожуваш.

Британски Капитализам

Имаш 2 крави. Двете се луди.

Ирачки Капитализам

Сите мислат дека имаш многу крави. Им велиш дека немаш ниту една, ама не ти веруваат и ти ја бомбардираат државата. Сè уште немаш крави, ама барем си дел од демократијата.

Ново Зеландски Капитализам

Имаш 2 крави. Левата изгледа особено секси.

Австралиски Капитализам

Имаш 2 крави. Бизнисот оди добро. Ја затвораш фирмата порано и одиш на пиво.

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Иван Јованов за CRNOBELO лексикон: „Им ја извадив вратата на комшиите кои не сакаа да ми ја вратат т... „Бев одличен до осмо, ама во средно почнав да забушавам, но од тогаш и заработув...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg