Нема да пронајдеш љубов што е совршена, туку љубов што е вистинска

nema-da-pronajdesh-ljubov-shto-e-sovrshena-tuku-ljubov-shto-e-vistinska-01.jpg

Нема да пронајдеш љубов која е совршена, но ќе пронајдеш љубов која е вистинска.

Онаква љубов која ги руши твоите ѕидови, која прави да ги споделуваш деловите од твојата душа за кои мислеше дека никогаш со никого нема да ги споделиш. Љубов која ќе ти покаже дека е во ред понекогаш да си полна надеж, а понекогаш полна болка. Дека е во ред што понекогаш не можеш и не знаеш како да го смириш срцебиењето во градите.

И оваа љубов нема да прави да се срамиш од начинот на кој ја лечиш тагата или од начинот на кој се претставуваш пред светот. Ќе направи да ја симнеш маската и да не се срамиш дури ниту од мрачните мигови од минатото.

Оваа љубов ќе направи да се потсетиш на топлината на домот од детството, ќе разговараш за тоа колку те болеше кога ја изгуби мајка ти или како се чувствуваше во училиште кога од никого не беше прифатена.

Оваа љубов ќе те знае вистинската ти. Со неа ќе се чувствуваш како да си дома, како да пронајде делови од себе во друго човечко суштество.

nema-da-pronajdesh-ljubov-shto-e-sovrshena-tuku-ljubov-shto-e-vistinska-02.jpg

Љубов која ќе те потсетува која е убавината на постоењето. Која ќе ти инјектира мед во душата и ќе те гушка додека не почувствуваш како да ти пукаат коските.

Љубов што ќе те учи и ќе се бори за тебе. Љубов што ќе стои до тебе дури и при најголемите бури.

Не, нема да пронајдеш љубов што е совршена, но ќе пронајдеш љубов што е лесна. Љубов што те посетува колку многу вредиш. Љубов која ќе те натера да се покаеш што пред неа залудно се трудеше да импресионираш погрешни луѓе.

Оваа љубов ќе ти покаже дека никогаш ти ме беше премногу, ниту премалку, секогаш беше доволно.

Извор

Би можело да ве интересира:

Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg