Ми фали времето кога со седвич со ајвар и сирење трчавме во прашината во маало

mi-fali-vremeto-koga-so-sedvich-so-ajvar-i-sirenje-trchavme-vo-prashinata-vo-maalo-01.jpg

Ми фали времето кога со седвич со ајвар и сирење трчавме во маало.

Кога најголема грижа ни беше да не нѐ фати соседот додека му „крадеме“ зелени сливи од дрвото од неговиот двор чии гранки нависнале кон улицата.

Кога со другарка ми си правевме телефон од конзерви и рибарски конец, се разбира не функционираше, и повеќе се слушавме од што си довикувавме.

mi-fali-vremeto-koga-so-sedvich-so-ajvar-i-sirenje-trchavme-vo-prashinata-vo-maalo-02.jpg

Кога снимавме песни на касети и ги слушавме на вокмен.

Кога меревме чија ламбада се врти повеќе.

Кога ја кажував на татко ми мојата постара сестра затоа што направила некоја белја и после задоволно се смешкав.

Кога си смислувавме прекари, на моменти дури и навредливи, а сепак симпатични.

mi-fali-vremeto-koga-so-sedvich-so-ajvar-i-sirenje-trchavme-vo-prashinata-vo-maalo-03.jpg

Кога игравме делфин, народна, одбојка, грабни стапче, криенка, брканица, цигарче и што уште не.

Кога старите сосетки се жалеа на главоболки од нашиот џагор.

Кога колената ми беа крвави од паѓање при трчање, а патиките правливи и уништени.

Кога не беше страшно да се носат истите чизмички и по 3 генерации.

mi-fali-vremeto-koga-so-sedvich-so-ajvar-i-sirenje-trchavme-vo-prashinata-vo-maalo-04.jpg

Кога памучната маичка беше богатство само затоа што ни е во омилената боја.

Кога немаше опседнатост со материјалното.

Кога постоеше безгрижност, другарство и вистинско детство.

Кога главна преокупација ни беше кога ќе дојде времето за играње надвор и дали родителите ќе нѐ остават доволно долго да си играме.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos

Би можело да ве интересира:

Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Се сеќавам на маалото од моето детство – Си игравме на неасфалтираната улица, се криевме во гаражата... Кога сега ќе погледнам што сè е останато од моето маало, се запрашувам дали стан...
Легендата за Саат-кулата и уште 9 забавни факти за Битола Дали знаете од каде овој град го добил своето име или ја ли имате слушнато интер...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg