„Врските денес се пеколни, мажите бираат жени што се одлични во кревет, ама по можност невини“

Да најдам некој прекрасен, убав, згоден, паметен. Да биде чесен и воспитан, ама и образован. И по можност да биде од добро семејство и солидно да заработува. Да е близок со семејството, ама не премногу.

Vrskite-denes-se-pekolni-01.jpg

Да не биде мамино и татино галениче, да знае сè да работи по дома, да ме сака, да ме поддржува, да ме цени, да имаме одлична комуникација, искреност, почит и експлозивен секс. Да сака дечиња и кучиња и да знае да поправа работи кога ќе се расипат… еее, многу ли барам?

Да. Многу бараш. Да земеме да го цртаме, нема никогаш да успееме да го нацртаме овој имагинарен, совршен примерок од маж.

Слична приказна и кај мажите. Бараат жени што се одлични во кревет, ама по можност невини. Ахам, обавезно. Жени што знаат да зготват, ама да не се заглавуваат по 5 часа во кујната.

Жени што ќе им родат по 3 деца, ама некако магично ќе се вратат во форма 3 недели по породувањето. И на работа да се оди, и дома да е чисто и средено и жената да е средена од глава до петици и децата спастрени и таа секогаш насмеана и расположена и како „на копче“ кога ќе му се присака секс.

И оваа да земеме да ја цртаме, џабе ќе трошиме хартија и моливчиња. Нема. Не постои. Затоа што НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН.

Денес сите имаат високи стандарди и очекувања. Некакви идеали за тоа како треба да изгледа совршениот партнер, совршениот однос, врска, брак. Сите знаат точно што бараат кај другиот. Ама никој не се погледнал себеси што нуди.

Сите сакаат доверба, почит и искреност, ама ретко кој ги нуди за возврат. Сите копнеат по манекенски типови на луѓе. Никој не се запрашал дали тој другиот има 2 грама мозок и 4 прочитани книги. Сите сакаат некој со звучно име и висока плата или големо наследство – никој не гледа колку самиот заработува и како може да придонесе во идниот дом.

Ако може сè да дојде „на готово“. Сите се залудени по некаков нереален живот прикажан на Инстаграм – убаво наместени фотки со совршена слика што не постои. Среќни фотки со тажни луѓе на нив – ете тоа е животот на Инстаграм денес.

Сите се колнат во љубов, а никој не сака да ја даде. Сите зборуваат за компромис, а никој не е подготвен да го понуди. Постојано се споменуваат некакви жртви, ама недај Боже некој да излезе од својата комфорна зона и да се жртвува за другиот. Па како тогаш бараме љубов?

Не бараме љубов. Ова е свет во којшто сме си доволни самите на себе. Во потрага по некој непостоечки идеал постојано ги истакнуваме мааните на другите, наместо да ги видиме нивните позитивни страни. Ова е свет на незрелост и себичност – никој не сака ни малку да се смени во име на љубовта и среќата. Сакаме сè, а немаме да понудиме ама баш ништо.

Не, никој не сака љубов денес. Луѓето сакаат секс. Не копнеат по дом. Копнеат по огромна куќа од 200 квадрати на која ќе им завидуваат соседите. Не сакаат слога и мир, сакаат драми. Не си ја кријат интимата, напротив, ја сервираат пред очите на сите за да им го видат нивниот „совршен“ живот кој е сè освен тоа.

Не, никој не сака љубов денес. Тоа е исто како и изреката – Сите сакаат да одат во рајот. Ама никој не сака да умре.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg