„5 омилени фотки од моето детство“ со Нина Деан, актерка
За себе вели дека била љубопитно дете што често поставувало незгодни прашања на возрасните. Активна и зборлеста, брлива, но не премногу.
Нина Деан е една од омилените млади актерки на нашата сцена. Во моментов ужива во мајчинството, а со нас ги споделува некои од нејзините омилени спомени од детството.
Каква била Нина во детството?
„Многу бев љубопитна, ме интересираа секакви теми, а најмногу сакав да им поставувам незгодни прашања на возрасните. Бев активна и зборлеста, брлива ама не премногу. Многу емотивна, можеби и малку драматична. Сакав да читам, да играм, да смислувам кореографии и куклени претстави.“- ни раскажува Нина.
За CRNOBELO.com ги споделува нејзините 5 омилени фотки од детството:
1. Со мајка ми и сестра ми кога беше бебе. Многу ја сакав Јоанче, но морам да признаам дека бев и малку љубоморна.
2. Мојата прва Нова година во Скопје. Отсекогаш сакав животни па еве и тука наместо новогодишно пакетче држам мачка.
3. Мојата прва посета на ФДУ – Факултетот за драмски уметности. Тогаш не сум имала идеја дека подоцна ќе ми стане едно од најважните места во животот...
4. Во Нови Сад се фотографирав за реклама за тестенини, брашно, сокчиња, саламчиња...
5. На одмор во Охрид со скршена нога. Од што многу сакав да пливам, се бањав со чорапа и ќеса на ногата.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива на Нина Деан