Денот кога бабичката која продава цвеќе на улица ми го стопли срцето...
„Добар ден, колку чинат овие прекрасни букети?“ – ја прашав старицата која продава цвеќе на аголот од улицата.
„50 денари“ – ми одговори.
„Кој е најубав, според вас?“
„Сите ги берев и правев сама.“
„А, вам, кој ви се допаѓа најмногу?“
„Овој ми е посебно убав“, рече, додека излекуваше еден букет од кофата со вода.
„Како се викате?“ - ја прашав со насмевка додека ѝ подавав пари за букетот.
„Јас?“ – старицата изненадено ме погледна. „Марија“.
„Госпоѓо Марија, овој букет е за вас.“
Остана без зборови од изненадување и возбуда.
А, потоа тивко прошепоти:
„Но, не, не господине. Не можам да го прифатам.“
„Секако дека можете. Би сакал да се насмевнете и...“
Како што гледате на сликата, таа се насмевна.
Госпоѓа Марија ми вети дека ќе се помоли за моето здравје и здравјето на госпоѓата која нè фотографираше, а кога си заминав, почувствував топлина во срцето. Ме прегрнуваше и грееше нејзината насмевка која ќе ја помнам цел живот.
Не ги заборавајте старите и повозрасните. Немаат сите можност за среќна пензија и за жал, голем дел од нив мора да работат и кога се постари за да заработат средства за храна.