Останав без зборови: Зошто татко ми не сака купување онлајн и модерна технологија?

ostanav-bez-zborovi-zosto-tatko-mi-ne-saka-kupuvanje-onlajn-i-moderna-tehnologija-01.jpgфото: depositphotos.com / Инстаграм

Денес, поминав цел час во банка со татко ми затоа што требаше да префрли некоја сума пари. Нормално, се сетив дека е добро да му ги олеснам работите па му реков:

„Тато, зошто да не ти активираме онлајн банкарство?“

„Но, зошто би го направиле тоа?“ – ме праша.

„Па, така нема да треба да изгубиш цел час по банки за ситни работи. Можеш и да си пазариш онлајн. Сè ќе ти биде полесно.“

Бев навистина возбуден што ќе го воведам во модерниот свет.

Тој ме праша: „Ако го направам тоа, нема да морам ниту да излегувам од дома, нели?“

„Да, да!“ – му објаснив дека ќе може да си нарачува од маркети и да му носат до врата кога ќе посака.

Неговиот одговор ме остави без зборови.

„Сине, откако влегов во банката денес, сретнав четворица пријатели. Си поразговарав кратко и со вработените кои веќе ме познаваат и се толку љубезни. Знаеш, јас сум сам, и секое друштво и разговор ми се добредојдени. Јас сакам да се дотерам и да отидам во банка. Имам навистина доволно слободно време.

Пред две години кога бев болен, сопственикот на дуќанот во маало каде купувам овошје, дојде да ме посети и седеше покрај мојот кревет.

Кога мајка ти падна додека шеташе утрото пред некоја година, нашиот локален продавач ја крена и ѝ помогна да си дојде дома.

Дали ќе го имам овој „човечки допир“ доколку почнам сè да правам онлајн?

Зошто би сакал единствено да имам интеракција само со мојот компјутер?

Сакам да ги запознавам и гледам луѓето. За мене тие не се само „продавачи“, тие се врски и пријателства. Дали може некој да ми го достави ова?“

Технологијата не е живот. Поминувајте време со луѓето околу вас, не со уредите...

Извор 

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg