После две деца и трето на пат: Ми недостасува сопругот, дури и кога е до мене цел ден...

Мајки, дали некогаш се чувствувате како да ви недостасува сопругот? Дури и кога е до вас, седи со вас, го гледате секој ден, спие покрај вас, но сепак, некако се чувствувате дека ви недостига...?

posle-dve-deca-i-treto-na-pat-mi-nedostasuva-soprugot-duri-i-koga-e-do-mene-cel-den-01.jpg

Кај мене ова е ситуација постојано. Ми недостасува тој, ми недостасуваат нашите моменти, на моменти си недостасувам и некогашната јас.

Гледам во него на масата додека ручаме и си велам во себе: „Боже, колку ми недостасува човеков!“

Ми недостасува времето кое го имавме за нас, кога си седевме и разговаравме за сè и за ништо, ми недостасуваат утрата за време на викенд поминати до доцна во кревет.

Ми недостасува неговиот мирис, мирисот кој ме потсеќа на домот – сега најчесто мирисам валкани пелени кога сум во кревет.

Ми недостасуваат заедничките авантури, кога ќе тргневме на едно место, а завршувавме на сосема трето. Без да се пакуваме со денови.

Ми недостасуваат нашите долги вечерни разговори на чиј крај секогаш си велев колку сум среќна што ме одбра токму мене од сите девојки на светот. Ми недостасуваат долгите прошетки кога се држевме за рака, а не буткавме количка.

Ми недостасуваат моментите „ај да пиеме уште една пијачка па ќе си одиме“ и во 2 часот после полноќ. Ми недостасуваат моментите кога трчав во неговата прегратка кога ќе си дојдеше дома.

Ми недостасуваат овие работи.

Не, не би го менувала за ништо она што го имаме денес, 2 дечиња и трето на пат, но во ред е да ти недостасува човекот кој си бил некогаш и фактот дека сме си биле секогаш приоритет додека не дојдоа децата на свет.

Најважно е да не заборавиме дека нашиот партнер е сè уште истата личност во која првпат се вљубивме. Личност која треба да биде ваш приоритет, не мајка или татко, едноставно – вашата омилена личност.   

 Извор: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Некогаш vs. сега: Како изгледаат денес ѕвездите по кои лудувавме во 1990-те? Брендон од Beverly Hills, Ејдан од Sex and the City - колку се остарени ѕвездите...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg