Ние сме генерација каква што нема да има никогаш повторно...
Честопати знаеме да бидеме носталгични за детството и безгрижните времиња кои за жал денешните деца и млади ги немаат. Зборуваме за генерациите и луѓе кои денес се возрасни, родени во 50-тите, 60-тите, 70-тите, 80-тите години. Веројатно и раните 90-ти даваа можност за едно детство кое беше значително поразлично од ова денес.
Генерации кои со сигурност ќе се пронајдат во овој текст...
Ние сме генерација каква што нема да има никогаш повторно. Генерација која одеше и се враќаше секогаш пешки од училиште.
Генерација која сама си ги пишуваше домашните задачи за да можеме што порано да излеземе на улица и да си играме.
Генерација во која машките играа џамлии, а девојчињата скокаа ластик.
Генерација која целото слободно време го поминуваше на улица и нè нарекуваа уличари.
Генерација која играше жмурка кога ќе се стемни.
Генерација која правеше колачи од кал и гаѓаше по вирови.
Генерација која собираше фигури од киндер јајца.
Генерација која сакаше лижавчиња со кисела гума за џвакање во средина.
Генерација која со сопствени раце правеше ланчиња од хартија.
Генерација на вокмен, vhs видео касети, дискети...
Генерација која собираше сликички, имаше лексикони и споменари.
Генерација која го гледаше својот татко како го поправа телевизорот и му помагавме додека ја местеше антената.
Генерација која имаше родители, а не ги викаше „стариве“.
Генерација која пред спиење скришно и тивко се смееше во креветот, за да не бидеме фатени дека сме будни.
Генерација која поминува, и за жал, никогаш веќе нема да се врати.
Кои се вашите најдраги спомени од детските денови?
Извор: Фејсбук