Кој човек е навистина сиромашен?
Додека сиромавиот талкал по улиците, наишол на еден многу мудар човек.
Сиромавиот застанал, загрижен, го прашал мудрецот:
- Можеш ли да ми кажеш зошто баш јас сум толку сиромашен?
Мудрецот без размислување му одговорил:
- Затоа што во текот на животот не си научил да подаруваш!
Сиромавиот на тоа му одговорил:
- Па како да подарам нешто, кога немам ништо.
На тоа, мудриот му рекол:
- Секој човек, па и ти, има неколку работи кои може да ги подари во секое време.
Прво, тоа е твоето лице, со чија помош во секое време можеш да подариш насмевка.
Втора работа е твојата уста, со која секогаш можеш да кажеш добар збор и да дадеш утеха на оној кој му треба.
Трета работа е твоето срце, него можеш да го отвориш за другите.
Имаш и очи, со нив можеш да ги гледаш сите добрини.
Со своето тело можеш да помагаш на другите.
Мудрецот продолжил со насмевка на лицето...
Па ти, всушност, воопшто не си сиромашен. Кога духот на човекот е сиромашен, тогаш, со право можеш за себе да кажеш дека си сиромав.
Е. П. | Црнобело