10 работи по кои ќе препознаеш дека си типичен Македонец
Не признавате манџа без запршка, последните пари ги давате на кафеана, ракијата ја сметате за лек и страшно се плашите од промаја.
Што ви паѓа прво на ум кога ќе помислите на типичен Македонец? Дали тоа е ајвар, ракија, кафеана, трошење повеќе од што имате и страв од промаја?
Кои културолошки разлики нè издвојуваат од другите нации?
Работи по кои ќе препознаеш дека си типичен Македонец:
Обожавате алкохол и пиете многу
Не верувате многу во лекарства препишани од доктор, туку имате став дека ракијата и виното се универзален лек.
Не ви е проблем да појдете до кај соседот и да позајмите шолја масло, јајце или малку кафе
Кога сте среде нешто и сфаќате дека некој продукт ви недостига воопшто не ви е срам да тропнете на вратата на соседот за помош.
Ги давате последните пари за кафеана или кафуле
Имате ниска плата едвај ги подмирувате сметките, но кафеаната не смее да трпи, за таму ќе ги дадете и последните пари.
Се карате за историја и со припадници на други нации, но и со други Македонци
Најлошо е кога се обидува некој да ве натера да ја разделите историјата од политиката. Почнувате дебата и таа нема крај.
На сите им велите: „Мора да го посетите Охрид и манастирите и Маврово и...“
Не можете да се смирите додека на некој дојденец не му ги посочите топ дестинациите во Македонија. Но, вистина е, навистина имаме што да понудиме.