Сиромавиот човек и неговата жена немале пари, но имале љубов и тоа им било доволно

siromaviot-chovek-i-negovata-zhena-nemale-pari-no-imale-ljubov-i-toa-im-bilo-dovolno-01.jpg

Еден многу сиромашен човек си живеел со својата жена.

Еден ден неговата жена, која имала многу долга коса, го замолила да ѝ купи чешел за косата. Човекот се чувствувал тажно и ѝ рекол дека нема доволно пари дури ниту за да си го поправи ременчето од часовникот, кое му пукнало. Таа не инсистирала.

Наредниот ден човекот минувал покрај продавницата за часовници, застанал за миг и одлучил. Го продал својот оштетен часовник по ниска цена, а потоа отишол и купил чешел за својата сопруга.

Вечерта се вратил дома со чешелот во рака, подготвен да ѝ го даде на својата жена. Бил изненаден кога видел дека таа се потстрижала и сега имала многу куса коса. Таа ја продала својата коса за да му купи ременче за часовникот, кое го држела во рака.

Двајцата почнале да плачат. Но, не од жал затоа што залудно ги потрошиле парите, туку од среќа затоа што виделе колку многу се сакаат меѓусебно.

Извор

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg