„Знам низ што поминуваш“ ми кажа и доволно ми беше

Бесни сте. Лути сте му на животот. Немате самоконтрола врз своите емоции. Срцето ве боли. Но, таа една личност ве сфаќа. Таа една личност знае низ што минувате и понекогаш тоа е доволно.

znam-niz-shto-pominuvash-mi-kazha-i-dovolno-mi-beshe-01.jpg

Дали сте имале период од животот кога се будите и прва на ум ви доаѓа таа една мисла која прави веднаш да се сетите дека живеете во кошмар, дека кошмарот нема да помине наскоро, дека животот е неправеден?

Ви осамнува пред очи колку сте немоќни за да помогнете некому кој го сакате и со последниот атом енергија или пак можеби да си помогнете себеси, сеедно.

И лути сте му на животот. И толку сте полни со нервоза што експлодирате и за најмала ситница, дури и пред луѓе кои нема потреба да го сведочат тоа. Некогаш се тоа луѓе кои не заслужиле да ги гледаат вашите солзи, понекогаш се луѓе кои не заслужуваат да ги слушаат вашите вресоци. И немате моќ над себе. Немате самоконтрола. Болката е посилна од вас.

И светот не ве разбира. Тие не знаат колку ве боли. Особено што не одите наоколу и не кукате. А толку е големо... Да беше тоа на нивни плеќи ќе се влечеа по земја одамна. Никому не го посакувате истото. Само ве тишти тоа што немаат разбирање.

Кога ќе избувнете ве осудуваат. Не можат ли едноставно да ве сфатат? Немаат ли ронка способност за емпатија?

Можеби биле пред 10 години на вашето место или за 5 години отсега ќе бидат, но сега не може да ги сфатат вашиот бес кон животот и промени на расположение. И во ред е. Многу сте преживеале, ќе го преживеете и тоа.

Но, во тој миг доаѓа еден човек и ви вели „Знам низ што поминуваш, свесен сум“ и тогаш солзите не може да сопрат. Гледате дека некој ве сфаќа. Сакате да вреснете до универзумот дека конечно сте пронашле некој што ве сфаќа. Го гледа пеколот низ кој минувате. Ви ја цени храброста што успевате да чекорите низ него со високо крената глава.

И ви дозволува... Да плачете, да викате, да обвинувате дури и кога не е така. Ви дозволува да грешите затоа што е свесен низ што минувате. Знае дека не размислувате рационално во моментов. Знае дека срцето ви гори од болка, а умот ви е поматен од измешани мисли.

Сфаќате дека толку беше доволно за некој да ви влезе под кожа. Само 4-те зборови „Знам низ што поминуваш“ ви дадоа малку духовен мир. Некој го гледа тоа, некој е свесен колку се борите, некој е човечен да разбере, некој ве сака доволно за да се потруди да ве разбере и да ви дозволи да грешите затоа што не сте свои на своето.

Не ви доаѓа на ум ништо друго освен да го прегрнете толку силно и да му кажете „Знам дека ме сакаш“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg