Мудра приказна за човекот кој тргнал во потрага по вистината за животот

Еден човек тргнал во потрага по вистината за животот. Патувал од место до место, сè додека не стигнал во едно село...

mudra-prikazna-za-chovekot-koj-trgnal-vo-potraga-po-vistinata-za-zhivotot-01.jpg

Во тоа село го советувале да влезе во една пештера и на тој начин да ја бара вистината. На влезот во пештерата сретнал мудрец, кој му рекол дека на крстосницата меѓу селата ќе го најде она што го бара.

Полн со надеж, човекот оди на крстосницата меѓу трите села и наоѓа три продавници. Во едната се продава метал, во другата дрво, а во третата тенка жица. Но, тој не можел да сфати како ова има врска со неговата потрага. На тоа, мудрецот му рекол: „Ќе сфатиш во иднина“.

Човекот бил упорен и барал објаснување, но мудрецот молчел. Се налутил и си заминал.

mudra-prikazna-za-chovekot-koj-trgnal-vo-potraga-po-vistinata-za-zhivotot-02.jpg

Поминале неколку години и сеќавањата на таа потрага избледеле. Една вечер, човекот шетал и чул прекрасен звук, нежна мелодија која го трогнала. Му пришол на музичарот.

Тогаш забележал дека инструментот е изработен од дрво, метал и жици. Тогаш му станала јасна пораката на мудрецот. Ние веќе имаме сè што ни е потребно. Нашата задача е да го составиме и да го користиме на правилен начин.

Ништо нема смисла ако се набљудува како раздвоени делови, но кога тоа ќе се поврзе, сè добива смисла.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg