Поучна приказна од Лао Це како погрешно им судиме на луѓето
Лао Це е филозоф и поет од древна Кина, а дел од неговите цитати и приказни ќе останат запомнети засекогаш.
Неговата поучна приказна за начинот на кој гледаме во животот:
Еден човек ја изгубил секирата на кој бил навикнат со години. Веднаш се посомневал дека секирата му ја украл синот на соседот.
Со таа мисла во главата тој го набљудувал однесувањето на момчето и сè повеќе се уверувал дека само тоа можело да му ја украде саканата секира.
Заклучил дека:
Неговиот начин на одење, изглед, говор, движење оддаваат впечаток дека е крадец. Во тоа нема сомнение.
Чистејќи го дворот, каде имало многу плевел, случајно ја пронашол својата изгубена секира.
Оттогаш повторно почнал да го набљудува синот на својот сосед, кој се однесувал нормално како и секогаш.
Тогаш си признал сам на себе:
Неговиот начин на одење, изглед, говор, движење оддаваат впечаток дека е чесен и добар човек.
С. С. | Црнобело