Приказна за мудроста

Она што обично го нарекуваме мудрост, е нешто кое се пренесува од генерација на генерација низ фамилијата која има поволно влијание врз поколенијата.

prikazna-za-mudrosta-001.jpg

Но, она што многумина од нас го сметаат за мудрост е она што го носиме во себе, она што го имаме внатре.

Научете се да не се плашите од животот и немојте да ги слушате негативните коментари и критики. Животот носи нови ситуации, нови искуства кои не прават побогати и помудри.

Легендарниот Марк Твен рекол: “Треба да сте внимателни и од секое искуство да ја извлечете мудроста – и тука да застанете; инаку ќе бидете како мачка која седнала на жешка печка. Веќе никогаш нема да седнете на жешка печка, но исто така нема да седнете ниту на ладна.

Затоа учете од искуството и од мудрите зборови на постарите, за да не живеете како мачката за која раскажува Марк Твен. Ако ве пораснала мајка “мачка“ и не ве научила, борете се и дознајте ја вистината сами.

Ова е една мудра приказна која би сакале да ја споделиме со вас:

Едно момче дошло кај некој познат мудрец со цел да го изигра. Момчето ги ставило рацете зад неговиот грб и го прашал мудрецот да му одговори на неговото прашање.
"Дали врапчето кое го држам во раката е мртво или живо?"

По кратко размислување мудрецот одговорил: "Мртво"

Момчето се насмеало и ја отворило раката, од која врапчето брзо летнало.

"Гледаш ... не погоди", рекло момчето.
"Точно, не погодив, но ако ти кажев дека врапчето е живо ти ќе ја стегнеше раката и ќе го убиеше, а јас не сакав тоа да се случи па затоа кажав дека е мртво. Одговорот сепак се криеше во твоите раце."

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg