За сите кои се двоумат дали да заминат - Можеш да си одбереш енергија каква што ти е потребна во животот

Можеш да престанеш да бидеш дел од приказна во која не се пронаоѓаш себеси. Можеш да ја напуштиш секоја приказна во која не се сакаш себеси.

Za-site-koi-se-dvoumat-dali-da-zaminat-01.jpg

Дозволено ти е да го напуштиш градот кој ти го изгаснал жарот во очите наместо да направи тие да светат уше посјајно. Дозволено ти е да си ги спакуваш куферите и да почнеш одново, онаму каде што ти сакаш, некаде каде што ќе можеш да пронајдеш нова смисла на твојот живот.

Можеш да си дадеш отказ од работата која ја мразиш. Дури и доколку останатите се обидуваат да те убедат дека не треба да трагаш по којзнае што, знај дека доколку се осмелиш, можеш да пронајдеш нешто кое ќе те радува секое утро.

Дозволено ти е да ги избришеш оние кои ги сакаш, но не те третираат со почит и внимание. Дозволено ти е да се ставиш себеси на прво место, дозволено ти е да заминеш откако си пробал одново и одново да направиш нештата да функционираат, а не се сменило ништо.

Можеш да ги „откачиш“ токсичните пријатели и да се опкружиш себеси со љубов. Со луѓе кои те охрабруваат и поддржуваат во целите. Дозволено ти е да си одбереш енергија каква што ти е потребна во животот.

Дозволено ти е да си простиш за сите големи и мали грешки што си ги направил. Да бидеш љубезен со себе. Да погледнеш во огледалото и за промена – да ти се допаѓа личноста која те ѕирка од таму.

Можеш да се ослободиш од некои свои очекувања. Понекогаш кога се откажуваме од некои работи сметаме дека ваквото однесување е негативно, но понекогаш напуштањето на некои планови е најдоброто нешто кое може да ни се случи.

Да се замине значи да се промени правецот, да се почне одново, да се откриеш повторно себеси и светот околу тебе. Заминувањето понекогаш значи спас од она заглавување на едно исто место, погрешно место, во погрешно време, со погрешни луѓе.

Заминувањето отвора нова врата за промена, растење, можности и искупување.

Секогаш пред себе ја имаш можноста да заминеш сè додека не го пронајдеш местото каде што припаѓаш и те прави среќен.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg