Се жалиш дека си несреќна, а постојано му се враќаш на лошиот дечко по репете нељубов

Сите имаме барем една или пак неколку пријателки кои се постојано тажни и несреќни, како целиот свет да им паднал на рамена. Постојано се лошо расположени, намуртени, лути на целиот свет. 

Postojano-mu-se-vrakjas-na-losiot-decko-01.jpg

Несреќни се во љубовта, па таа несреќа мора да се рефлектира на сè останато во животот.

Уверени се дека се добри, дека никому не му згрешиле ништо. Па тогаш, зошто се толку поразени од животот и судбината? Зошто само ним им се случуваат сите лоши работи?

Едноставно е – самите сте си виновни. Возрасни, зрели, самостојни жени ја губат главата по некое лошо типче кое ги врти како сака. Ги манипулира, игра некоја пасивно-агресивна ментална игра, а тие како да се жедни за уште, па постојано му се навраќаат на истиот тип.

Како да нема друг на светов. Тој е првиот и последниот и без него ќе се распадне сè.

Во ред е ваквото однесување да го манифестира некоја тинејџерка, бидејќи тие се годините за лудилото и оваа „болест“ на постојана жртва треба да се одлежи.

Ама да го правиш тоа во 30-тите години од животот е прилично ненормално. Колку ниско треба да ти е нивото на самопочит упорно да му се навраќаш на дечкото кој не те почитува, те изневерува, те исмева, те малтретира, не те цени доволно?

Колку треба да се мразиш себеси за да ги трпиш сите овие лоши работи? Колку треба да си наивен да веруваш дека со секоја нова шанса ќе биде поинаку, дека тој ќе се смени, дека те сака, дека имате нешто толку свето и скапоцено, а тоа е гнило и скапано и ниту оддалеку не личи на љубов?

Кој ви е виновен што животот ви е каша? Кон кого треба да го насочиме прстот со обвинување? Штотуку свртевте нова страница и успеавте некако да се ослободите од тој кошмар, доволен е само еден повик, една порака, едно случајно видување повторно да паднете во замката на човекот што не е за вас.

И повторно плачки, повторно депресии, повторно сте им лути на сите, повторно животот е против вас. Само затоа што немате доволно сила да се изборите со сопствената немоќ. Само затоа што немате сила да се борите со сопствените демони, како што тоа го прават луѓето секојдневно.

Па дај стиснете заби еднаш во животот. Не живејте во таа некоја измислена бајка каде што упорно се убедувате дека сте среќни само покрај него и треперите како 1.000 пеперутки да ви играат чочек во стомакот.

Дај почнете малку да се сакате прво себеси. И што е уште поважно – почнете да се почитувате себеси. Престанете да се жалите, да плачете и да изигрувате жртва, кога вие и само вие сте виновни за вашата несреќна ситуација.

Кој ве тера да се враќате по репете нељубов со човекот кој ве множи со нула? Толку ли немате љубов за себе, ронка храброст да кажете еднаш засекогаш НЕ и да се оддалечите од токсичниот партнер?

Тешко е, секако дека е тешко. Тешко е и да и сам, но уште потешко е да си со некој кој ти го бои животот и иднината во црно. Некој покрај кого не знаеш која си, некоја која си ги јаде, стега или исплачува чувствата.

Охрабри се, крени ја главата високо, замини си, заборави го.

Не биди девојката која 10 години пати и страда за истиот тип кој веќе одамна си продолжил со животот.

Не биди она послушно кученце кое скока на првото фрлање коска.

Не биди бришалката за нечисти чевли, не биди безгласна буква, не биди празноглава наивна кукла со тажна насмевка, немој да си жртва, не се задоволувај со трошки.

Биди жена бре жено.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg