Зошто упорно се трудиме да бидеме некој друг?
Сите го знаеме Винсент ван Гог, сме слушнале за позната слика „Ѕвездена Ноќ“, за фактот дека самиот си го отсекол увото или за тоа дека не бил воопшто познат додека бил жив.
Работите кои не ги знаеме се дека доброволно се пријавил во психијатриска болница откако си го отсекол увото, дека ја мразел сликата „Ѕвездена Ноќ“ или дека почнал да слика дури на 27 годишна возраст.
Денеска се верува дека Ван Гог страдал од хиперграфија - состојба која се одликува со огромна желба за пишување или во неговиот случај цртање. Но зошто не нацртал ништо до 27 годишна возраст?
Вистинскиот одговор е дека следел еден животен пат во кој останал вистински самиот на себе, иако тоа значело неколкупати да се изгуби како личност во процесот, да помине низ страшни самоубиствени намери, да се сомнева во неговите способности и во делата кои ги цртал.
Тој одлучил да следи еден свој автентичен пат. Веројатно тоа е и причина зошто неговите дела се толку моќни, затоа што портретираат една уникатна приказна.
Како да живееме автентичен живот?
Не сите можеме да бидеме Ван Гог, ниту пак сите сме генијалци, но единствениот начин како би успеале во нешто е ако останeме верни самите на себе и на своите желби и потреби.
Сите сме родени со уникатни амбиции кои додека дојдеме до тинејџерските години некако избледуваат.
Колку повеќе растеме толку повеќе фокусот го ставаме на прашања како: “Која професија е најплатена, кои способности треба да ги стекнам за да останам во стереотипот на нормалноста, што бара од партнерот личноста која ни се допаѓа, и најмногу од сè како да не останеме просечни?”
Не може нашиот живот да биде просечен ако живееме уникатен живот во кој сме задоволни самите од себе, независно од тоа по кој пат ќе одлучиме да одиме. Секојпат е правилен за нас, затоа што во овој момент е токму тоа што нашето тело и нашата душа го бара од нас и сака да го прави.
Во некои делови од нашиот живот се чувствуваме изгубено затоа што сме заглавени во очекувања на другите луѓе од нас. Во моментот кога ќе одлучиме да бидеме вистинските ние, тогаш не постои правилен или погрешен пат, едноставно го живееме животот кој ни е нам суден.
Но како да откриеме кои сме всушност самите ние?
Најпрвин, кога ќе дозволиме животот да се случи. Кога ќе дозволиме болката да се случи и кога ќе дозволиме да бидеме поразени. Откако сето тоа ќе ни се случи, нема да живееме во анксиозност, нема да паднеме, туку ќе се издигнеме. Ќе сфатиме дека ја имаме потребната сила во нас, ќе ги изгубиме сите стравови и ќе ја најдеме храброста да застанеме на нозе.
Кога нема да негираме сè што ни се случило во животот. На тој начин ќе станеме посилни, затоа што вистински ќе се запознаеме. Можеби сте поминале низ многу тешки работи во животот, но сè уште сте живи, што значи дека сте посилни отколку што мислите дека сте.
Кога ќе си дозволиме да направиме грешки и ќе преземеме одговорност за тие грешки. Кога ќе прифатиме дека грешките кои ги правиме се дел од нас и нашиот карактер или личноста која сме биле во одреден период од животот.
Кога нема да ги прекриваме нашите внатрешни инстинкти, кога ќе ги прифатиме и ќе ги следиме. Какви и да се нашите квалитети добри или лоши, сите нив треба да ги прифатиме и да ги запознаеме.
Кога ќе ја следиме нашата интуиција и ќе му дозволиме на нашето тело да ни каже каде навистина треба да бидеме.
Ван Гог никогаш не бил емотивно стабилен, но знаел како да допре до сржта на неговите вистински чувства. Не ги прекривал, не ги криел, туку ги портретирал за целиот свет да може да ги види.
Тогаш, зошто дозволуваме стравот да застане на нашиот пат?
Пред сè, треба да престанеме да го сфаќаме животот пресериозно. Дури и кога не сме на место на кое сакаме да бидеме во моментот, и тоа има добра страна.
Се учиме да бидеме креативни. Сите ние имаме креативни способности, сите можеме да почувствуваме, да гледаме или да си замислуваме работи кои не постојат. Единствено што треба да направиме е да го следиме нашиот единствен пат, да се запознаеме самите себе и да пробаме да направиме најмногу од тоа што животот ќе ни даде.
Вистината е дека треба да сфатиме дека можеме да бидеме успешни само тогаш кога ќе го следиме нашиот сон и нашиот пат. Успехот е еквивалентен на среќата, а не можеме да бидеме среќни ако го живееме животот одејќи во туѓи чевли.
А. В. | Црнобело