Реченици што ќе ви ги смират живците и ќе ве расположат
Секој човек понекогаш се наоѓа во стресна ситуација и мора да си го гризне јазикот за да не каже нешто за кое подоцна ќе се кае. Броењето до 10 некако не го дава посакуваниот резултат.
Но, знаете ли што може да ве смири? Овие 10 внимателно одбрани реченици кои ќе си ги повторите или промрморите во себе. Инстантно ќе ви развлечам насмевка на лицето и ќе ви го подобрат денот и расположението.
Подготвени за доза мелем за вашите искинати нерви? Започнува вака:
Идиоти имало, и ќе ги има
Не е баш реално да го мразите секој човек во животот бидејќи на тој начин само си ја труете душата. Но, не морате ниту да ги сакате тие луѓе. Едноставно повторете си – идиотите постојат и нема да исчезнат никогаш. Нема а ја трошам мојата енергија и време на вакви луѓе.
Исто како да не постојат. Тие се невидливи, а вие сте индиферентни на невидливото.
Имам малку лудост во џебот
Наместо сонце во џебот, како што пее песната. Возрасни сме, разумни сме, ама одвреме-навреме не е лошо да го извадиме нашето тајно оружје на мегдан – мала доза лудило кое ќе ги збуни сите. И нема ниту да помислат да си играат со нас во иднина.
Не мора да ме сакаат сите и не ме ни загрижува тоа
Постојат личности кои се хранат од удоволувањето на други луѓе околу нив. Не умеат да кажат НЕ, па постојано жонглираат со нечии туѓи обврски и исполнување желби.
Ова престанува денеска. Не е можно да ме сакаат сите луѓе. Нема ни потреба. Важно е да имам мир, не туѓо одобрување од луѓе кои не ми значат ништо.
Кога нишанам ниско, секогаш промашувам
Еве едно добро познато сценарио: Некоја девојка не ви се допаѓа којзнае колку, но почнувате да излегувате со неа. Таа е среќна, а вие се чувствувате како да сте се утешиле и скрасиле на некој начин. Но, понекое време ви станува драга, почнувате дури и да се вљубувате. А потоа таа ви го крши срцето.
Во животот скоро секогаш е така – ако целите ниско, ќе ја промашите целта.
Не сум дипломиран психолог
Ниту психијатар. Не сте тука да решавате тешки семејни проблеми, заплеткани љубовни маки. Кога некој ви е одбивен и тап, не умее да сослуша совет, да прифати помош, а постојано се жали како навиен, имате само една опција: Да станете, добро да се протегнете, да излезете од просторијата и да се не се вратите.
Секогаш налетувам на несакани луѓе кога сум најнесреден/а
Да! Сите го правиме тоа! Па што? Не е крај на светот.
Изгледам како зомби и налетувам на поранешниот дечко или девојка.
Здраво и пријатно. Тие се зборовите за поздрав.
Јас сум непобедлив/а, јас сум исцрпен/а
За некои ова важи наутро, за други навечер. За сè има лек. Нормално е. Во еден дел од денот мислите дека сте непобедливи и може да го освоите светот, во друг немате сила ниту да го одвртите капачето од шишето вода.
Кога се чувствувате непобедливи – грабнете сè пред себе. Кога сте исцрпени, земете си го омиленото јадење, јадете онаму каде што најмногу ви одговара и правете ги работите кои ве релаксираат. Без извинување, без пардон.
Ќе ве победам со насмевка
Насмевнувај им се на луѓето, тоа ги збунува. Некои денови се ужасни, ужасно тешки. Но нема да бидам кисел/а, ќе се насмевнувам кога некој најмалку го очекува тоа. На работа, дома, во продавница, на улица.
Победете ги со љубезност и насмевка.
Продолжи понатаму
Никогаш не е добро да се биде статичен и да се гние во една иста рутина. Понекогаш грешиме и се сопнуваме пред да се качиме на врвот. Да се застане не е опција. Продолжи понатаму, не застанувај и не врти се назад.
Понекогаш и хормоните се виновни
Да, и машките и женските хормони. Не сме роботи. Да, имам циклус, ќе влезам и во менопауза некогаш и да, и тебе ќе те фати средовечна криза. Луѓе сме, да сме живи и здрави. Да наздравиме, а за што?
За среќа.
(О)Милена | Црнобело