10 цитати кои покажуваат какво богатство е да се има брат или сестра

Да се има брат или сестра значи секогаш да имаш некој на кој можеш да се потпреш во животот. Врската помеѓу братот и сестрата е нераскинлива и трае цел живот.

10-citati-koi-pokazhuvaat-kakvo-bogatstvo-e-da-se-ima-brat-ili-sestra-01.jpg

Никој никогаш нема да знае да нé изнервира како нив, но и никој никогаш нема да ни пружи таква љубов и безусловна поддршка.

Прочитајте ги следниве цитати кои зборуваат за вечната врска помеѓу братот и сестрата:

„Браќата и сестрите се мал дел од детството кој никогаш нема да се изгуби.“

„За надворешниот свет, сите старееме. Но, за нашите браќа и сестри - никогаш. Се знаеме какви што отсекогаш сме биле. Си ги познаваме срцата. Си ги знаеме сите семејни шеги. Ги паметиме сите кавги и тајни, подеми и падови. Живееме недопрени од времето.“

„Те сакам. Ти си секогаш тука за мене и ме штитиш. Се караме и викаме, но под сето тоа има љубов. Тоа постои само кај брат и сестра.“

„Ако имаш брат или сестра, секој ден кажувај им дека ги сакаш. Нема нешто поубаво од тоа. На сестра ми ѝ кажував колку ја сакам секој ден. Таа е единствената причина што денес сум добро.“

„Децата родени во исто семејство, со иста крв, пораснати со истите навики, носат голема моќ во себе. Таква моќ не постои во ниту една друга врска“.

„Твоите браќа и сестри се единствените луѓе на светот кои знаат како е да се биде воспитуван на начинот на кој си воспитуван“.

„Браќата и сестрите се како улични ламби. Не го прават патот пократок, но ни го осветлуваат и ни ја покажуваат насоката, што е многу поважно и повредно“.

„Браќата и сестрите не мораат ништо да си кажат еден на друг. Можат да седат во иста просторија и да молчат, а сепак да им биде убаво“.

„Гранките на дрвото растат во различна насока, но коренот им е еден. Исто е и со браќата и сестрите. Секој си носи дел од животот на другиот во себе“.

„Врските помеѓу браќата и сестрите се подолги од бракови и пријателства и посилни од сите животни трагедии. Тие постојано цветаат со љубов, блискост, топлина и лојалност“.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Мики Секуловски за CRNOBELO лексикон: „Брат ми правеше бељи, јас го извлекував подебелиот крај“ „Се плашам од користољубиви луѓе, а најголем идол ми е татко ми“ - Мики Секуловс...
Васил Гарванлиев за CRNOBELO лексикон: „Џејсон прави најубава мусака, ја надмина дури и мама“ „Идол ми е мама. Цел живот го ризикуваше за да ни овозможи да сме тоа што сме со...
„Вашето дете е расеано!“ – ми велат, но го сакам такво какво што е и не би го менувала за ниту едно ... Тргнала да си оди од училиште, но го видела другарчето дека е тажно, па за да го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg