Што прави и како изгледа денес Жаде од Клон?
Џована Антонели, или како што сите ја паметиме – Жаде, ја одигра улогата на својот живот во 2001-ва година.
ТВ новелата со години се зборуваше и прераскажуваше, но како и со секоја останата, по нејзиното завршување, не слушнавме многу за актерите од неа.
Но, по малку истражување и неколку фотки ќе откриете дека Џована Антонели очигледно го открила еликсирот на младоста.
До ден денес се појавува на насловни страни на престижни магазини, и тоа во прилично провокативни изданија.
Има 41 година, цела линија парфеми со свој потпис, а неодамна го позајми гласот за бразилската верзија на цртанот The Boss Baby.
Ако на времето изгледаше вака...
Денес, 16 години по снимањето на Клон, изгледа беспрекорно:
М. Д. | Црнобело