Отвораме натпревар: Кому му е потешко, полошо и поужасно?

Од мали нозе сме научени на натпреварување, но исто така, со текот на времето, станавме свесни дека, освен она во спортот, сè друго е бесмислено и со лоши исходи.

otvorame-natprevar-komu-mu-e-poteshko-polosho-pouzasno-01.jpg

Колку сме постари, толку повеќе се обидуваме да ги избегнеме непотребните препреки и расправии за кои како деца и понатаму би се докажувале и покажувале. Натпреаврувањето, па и она спортското, заморува и ја црпи енергијата.

Па, зошто ни треба тогаш? Не знам, но сум сведок, во ова време во кое живееме, дека натпреварувањето е дел од сечие секојдневие, не само додека сме мали, туку и додека сме веќе зрели.

И во ред, прифаќам натпревар за евентуално напредување во некоја фирма или за добивање стипендија или работа и тоа е позитивно, но дали сте го забележале она натпреварување кое е во негативна смисла?

Дали сте забележале или макар слушнале бар еден коментар на некоја ужасна вест, на нечија трагедија или тажна приказна кој се демантира или деградира, бидејќи на авторот му било или му е потешко? Сигурна сум дека сте се сретнале со такво нешто.

Тажна приказна... Дечкото си ја тепал девојката... И веднаш гледате вести од типот како тоа не е ништо, како и понатаму има малтретирање, како ова, како она... Некоја девојка пишала како ѝ е тешко и како страда од депресија, а ќе најдете 10 самоименувани психолози и експерти кои ќе си кажат како нив им е потешко.

Секаде натпревар, ама за крајно бесмислена работа - кому му е потешко, кому му е полошо, кому му е најлошо... Ме интересира, како се мери тоа? Постои ли некој систем и правилник за одбирање на тоа кому му е тешко, а кого не и кој е на врвот на рангираната листа, а кој најдолу?

Зошто упорно забораваме на она добро позната реченица „на секого, неговите проблеми се најтешки.“?

Натпреварот сами со себе е пожелен, бидејќи нè обликува и нè тера и понатаму да се развиваме, но зошто да посегнеме по оној бесмислениот натпревар со другите? Како и дали некогаш ќе сфатиме дека натпреварувањето со другите не е смисла на животот?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Ученици му се смееја на професорот за погрешниот одговор, а тој им одржа животна лекција Професор им одржа животна лекција на своите ученици: „И да направите милион добр...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg