Јас и мојата сопруга секогаш ги решававме нашите проблеми внатре во спалната

Во животот треба правилно да ги одберете своите дела и своите зборови, своите постапки и сликите кои ги оставате во очите на другите. Иако изгледа сосем неважно постојат единки кои зависат од тие ваши постапки и можеби текот на нивниот живот може целосно да се промени, доколку станат жртви на вашите погрешни испади.

toj-kaza-mnogu-losi-zborovi-od-onie-za-koi-bi-ti-stavile-piper-vo-ustata-01

За да не тргне приказната во погрешен правец зборувам за она што треба да го видат и знаат вашите деца и она што никогаш не треба да се случи додека тие се присутни, за да не носат трауми за цел живот.

Од тие причини јас и мојата сопруга секогаш ги решававме нашите проблеми внатре во спалната, дури и да имаше викање, тоа беше кога децата не се дома. Затоа што едноставно тие не требаше да знаат и да го почувствуваат тоа, барем ние не дозволувавме, нашите проблеми беа наши, нивно беше да растат и да имаат безгрижно детство.

Беше сабота, викенд, помалиот син беше кај своето другарче од градинка за да играат некоја нова игра на компјутер, но за чудо брзо се врати. Јас лежев во спалната и ја читав книгата која ја добив за роденден. Тој дојде се качи на креветот и легна врз моите гради.

„Не ти пречам нели?“ - праша тој со загрижен глас.

„Како можеш да ми пречиш, какво е тоа прашање, сакаш ли да ти читам или ќе уживаш лежејќи и не правејќи ништо како и секогаш.“ - возвратив јас со доза на подбив.

„Тато бе! Сакам да те прашам нешто, ама искрено да ми одговориш.“ - се бунеше тој налутено, а јас со нетрпение го очекував неговото прашање.

„Дали ти сонуваш?“ - праша тој како од пушка.

„Како мислиш дали сонувам?“ - јас бев потполно збунет.

„Епа денес додека игравме кај Лео, дојде неговиот татко, се искара со неговата мајка, толку многу викаа што ние моравме да ги затнеме ушите. Многу се исплашив кога тој ја скрши чинијата од земјата, а кажа и многу лоши зборови, оние од кои би ти ставиле пипер во устата.

Лео рече дека секогаш е така, дека татко му не е човек кој не знае да сонува, а тоа го прави него и тој да заборави на своите убави соништа и да живее со викотници постојано. Тој ги нарекуваше кошмари, ама јас не разбирам, ни што е тоа да сонуваш, ни што се кошмари, јас сонувам ама сонувам сладоледи, бонбони, играчки, петките од училиште. Зошто тој да не може да го сонува истото, што се тоа кошмари?“ - зборуваше со солзи во очите.

„На светот постојат луѓе, некои себични, како ти кога не сакаш да го поделиш твоето чоколадо и некои несебични, како ти кога ќе сфатиш дека си згрешил и ќе ја поделиш со твојот брат. Дали ќе бидеш оној кој го дели чоколадото или оној кој одбива да усреќи некој друг, мислејќи само на себеси зависи од тебе. Всушност сè зависи од тебе.

Јас никогаш не сум престанал да сонувам, од книгите, петките, првиот велосипед, првото милениче, до првата љубов, до убавите места на светот. Никој, никогаш не треба да заборави да сонува и да се погрижи и другите околу него да имаат можност да живеат за да може да сонуваат. Многу е важно човек да гледа убави слики додека е буден, за да има убави соништа.

Ти немој да му се мислиш, ќе го поканиме Лео да отспие тука и ќе го научиме да сонува, ќе заборави на тие кошмари, а ти не се грижи нема потреба да знаеш за таквите појави.“

Тој ми вети дека отсега ќе дели сè со секого, ако тоа го прави светот подобар. Јас ја гледав неговата детска душа и се прашував како може некој да наштети на едно такво невино суштество со било каква однесување.

Тие беа таму за да го прават животот поубав, а наше беше да дадеме се од себе, нивните животи да бидат уште поубави. Ако не можеме да им го дадеме тоа, барем да научат што е љубов и топлина, почит и хармонија и пред се, детство со спомени, а не детство со трауми. Некои луѓе се премногу себични, не би сакал да констатирам, но таквите едноставно не сум сигурен колку заслужуваат да бидат родители.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg