5-те најдобри настапи на победникот на шоуто „The voice“ во Америка
Победник на 11-тата сезона на мега популарното шоу кое се прикажува во Соединетите Американски Држави е кантри пејачот Санденс Хед.
Скромниот Хед од Тексас на својата прва аудиција успеа да ги заврти столиците на двајцата судии Блејк Шелтон и Адам Левин, изведувајќи одлична преработка на „I’ve Been Loving You Too Long“.
Неговата оригиналност во подоцнежниот дел од натпреварувањето го остави без зборови и женскиот дел од жирито. Имено, тој ги изведе песните „The Climb“ на Мајли Сајрус и „No One“ на Алиша Кис во една своја поинаква изведба, оставајќи ги двете ѕвезди без зборови.
Во финалето имаше мега настап на безвременската „At Last“ на Ета Џејмс со што заслужено слета на првата позиција, заминувајќи во историјата на шоуто како 7-иот машки вокал и 4-иот кантри пејач кој се закитил со титулата Најдобриот глас на САД.
Како звучеше тој во своите пет најдобри настапи?
1. Првата аудиција со „I’ve Been Loving You Too Long“
2. Феноменалната преработка на „The Climb“
3. Слатката изведба на „No One“
4. Мега настапот со безвременската „At Last“
5. Победничкиот сингл „Darlin' Don't Go“
Н. Буџак | Црнобело