„Влезе во 30-тите, немој ова, немој тоа, не ти личи“ - Нема шанса!

Често во разговорите со пријателките слушам „но, знаеш, ние сега имаме одреден број на години, тоа не е соодветно, не ти личи“...

vleze-vo-30tite-nemoj-ova-nemoj-toa-ne-ti-lici-nema-sansi-1.jpg

Понекогаш имам чувство дека кога ќе влезеш во 30-тата треба да застанеш, се мораш да поделиш во кутии и да биде баш вака - една кутија стан, една кутија за работата од 8 до 16, една кутија за венчавката, една за сопругот, една за децата...

Но, зошто? Од што се плашите?

30-тите не се крај на светот, па тогаш зошто на 30 не би можела да запишам факултет или некое хоби кое отсекогаш сум го сакала, а не сум имала време за него.

Кажи ми која е авантурата помеѓу моите летни авантури и твоите потреби што поскоро да го најдеш мажот со совршена работа кој исто така сака дете затоа што тоа неговите го очекуваат.

Разликата е во тоа што јас сакам да живеам, да создавам.

Никогаш не вели никогаш, можеби на крајот од овој хаос од креативност, насмевки и 30-годишен пубертет, и јас ќе го најдам принцот и ќе го добијам тоа мало суштество кое ќе го промени мојот свет.

Јас одлучив. Имам 30 и ќе ги искористам.

Ќе направам се што не сум стигнала досега.

Веќе нема да ми биде страв да кажам „затоа што јас така сакам или не сакам“.

Повторно ќе се смеам на сонцето, ќе фантазирам и ќе си подарам моменти кои мојата душа ги бара.

Во мојот балон има место.

Ако сакаш остани си во твојата кутија или одлетај со мене и дозволи да ни се случи... Чиста среќа!

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg