20 мали потсетници кои ќе ви помогнат да не се откажете од сè

Животот не е лесен, ниту едноставен, но тоа не значи дека треба да се откажете од сè досега што сте посакале, што сте си замислиле или сте очекувале дека ќе ви се оствари.

20-mali-potsetnici-koi-kje-vi-pomognat-da-ne-se-otkazete-od-se-001.jpg

20 потсетници кои ќе ве натераат да продолжите понатаму, тогаш кога сакате да се откажете од сè:

1. Секогаш гледајте на тоа колку далеку сте стигнале, а не на тоа уште колку имате за „пешачење“. Сè додека се движите нанапред, некогаш ќе стигнете до посакуваната дестинација.

2. Не обрнувајте многу внимание на тоа што другите велат или мислат за вас. Доволни ви се само неколку блиски пријатели во животот на кои целосно можете да им верувате.

3. Не се споредувајте со другите. Нивното патешествие не е исто како и вашето.

4. Запомнете дека и претходно сте поминале низ тешки времиња и сте станале посилни. Секој предизвик нè прави посилни.

5. Плачењето не е знак на слабост. Не ја мешајте тагата со слабост.

6. Грешките се дел од животот, не можете да ги избегнете, можете само да научите нешто од нив.

7. Вашата вредност не треба да ја мерите според тоа колку другите не ве сакале или ја земале здраво за готово вашата љубов.

8. Запомнете дека секогаш постои некој кој сака да ви помогне.

9. Прифатете дека промените се константни и неопходни за да растете и созревате, без нив не може да постои животот.

10. Понекогаш тоа што не ги добивате работите кои ги посакувате се замаскиран благослов кој ве учи на важни животни лекции.

11. Запомнете дека болката и страдањето се минливи работи, како и сè друго во животот.

12. Негативните чувства се моментални. Со текот на времето сигурно ќе се чувствувате подобро.

13. Запомнете дека не сте осамени, на планетата Земја секогаш постои уште барем една личност која го чувствува истото.

14. Работите низ кои минувате денес, ќе бидат причина да инспирирате некого утре.

15. Трансформацијата никогаш не оди по полесната патека, прво ве очекува хаос и мизерија, а потоа среќа и созревање.

16. Не трагајте по совршеноста, нема да ја пронајдете. Никој никогаш не успеал во тоа.

17. Дајте си издишка и сетете се на работите за кои навистина сте благодарни во животот. За почеток бидете благодарни што сè уште дишете.

18. Понекогаш и одложувањето и откажувањето се најдобрата терапија која можете да си ја дадете на самите себеси.

19. Стравот може да ве спречи да пробате многу работи во животот, но секогаш треба барем да се обидете да го надминете стравот.

20. Не е важно колку ви е тешко во овој момент и колку тешко може да стане во иднина, секогаш морате да се соземете и да ги наминете тешкотиите.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg