15 продуктивни работи кои може да ги направите за само 15 минути
Имате уште 15 минути додека ви почне состанокот? Чекате на ред во пошта? Пријателите доцнат? Следен пат кога ќе се најдете во ситуација со малку слободно време, искористете ја можноста така што ќе завршите една или повеќе од овие мали, но продуктивни задачи.
Размислете: ако постојано ја користите ваквата временска рамка правејќи нешто корисно, вашата продуктивност ќе достигне ново ниво.
Ова се 15 нешта кои можете да ги направите за 15 минути:
1. Исчистете нешто
Одамна сакавте да го исчистите просторот зад фрижидерот? Местото помеѓу лавабото и ѕидот во тоалетот? Автомобилот? Земете крпа и завршете го тоа. Сигурно повеќе време сте потрошиле размислувајќи кога да го исчистите, отколку што ви е потребно време за да го исчистите. Затоа ова е совршениот момент навистина да го направите тоа.
2. Избришете ги непотребните фотографии од телефонот
Тоа е одличен начин да ја зголемите меморијата на телефонот. Започнете со оние „скриншот” фотографии од минатиот месец или таа сликата од книга која сакате да ја прочитате, но веќе ја најдовте. Искористете ја можноста да избришете непотребни апликации или зависни игри од кои сакате да се откажете.
3. Одберете 3 или повеќе парчиња облека кои ќе ги донирате
Ако не можете да се сетите кога последен пат сте го облекле или ако повеќе не ви е точно, тогаш време е да се ослободите од него. Исто така, ослободете се и од оние парчиња кои сметате дека нема да ги облечете за брзо – ако не се гледате себеси во тоа парче барем еднаш годишно, тогаш не вреди да го задржите.
4. Кликнете „Unsubscribe” на сите тие досадни мејлови кои не сакате да ги читате
Користете апликација како „unroll.me” која скенира мејлови, за да види на кои сте кликнале „претплати се” и потоа ви прави листа од нив, така што можете да ги откажете во рок од неколку секунди.
5. Испразнете го паричникот
Фрлете ги или складирајте ги на соодветно место сите непотребни сметки и банкарски изјави. Ослободете се од стари картички кои веќе не ги користите или бонус купони за продавници каде веќе тоа може да се направи преку мобилен телефон.
6. Пишете им или јавете им се на најблиските
Уште подобро, напишете им топло писмо или белешка и оставете го тоа на нивната врата. Ако не се во ваша близина, испратете им го како писмо.
7. Испратете благодарница
Таа може да биде за специјален подарок или покана на настан или за менторство или едноставно затоа што таа личност ве насмеала. Сигурно ќе израдувате некого, а и вие ќе се чувствувате убаво.
8. Обновете го резимето и/или вашиот LinkedIn профил
Неодамна добивте некоја награда? Ви дадоа нови задолженија или добивте унапредување? Научивте нова вештина? Додадете го тоа на вашето резиме и внимавајте на нови бизнис можности, кои во секој момент можат да се појават. Овие неколку минути се исто така добри ако сакате да направените некоја промена – да ја смените бојата или да го направите насловот повпечатлив.
9. Информирајте се за моменталните случувања
Вклучете радио, телевизија, прочитајте весник (онлајн или во печатена форма) отворете ги страните од познатите медиуми на Twitter, Facebook и слични мрежи. Важно е да бидете информирани.
10. Читајте
Ако се обидувате да читате повеќе, искористете го 15-минутното време за да прочитате барем една глава, кратка приказна или дури пасус од омиленото списание или веб-страница. Добро е секогаш да носите книга или списание со вас, затоа што никогаш не се знае кога ќе наидете на слободно време, или ако тоа ви е тешко, симнете аудио книга или е-книга која постојано ќе ви е достапна на телефонот или таблетот.
11. Измијте ги забите
Да. Најсериозно.
12. Слушајте го телото
Ако сте во канцеларија, можеби тоа значи да станете од столчето и да се прошетате. Ако сте дома, затемнете ги светлата и пробајте да медитирате или заземете некоја поза за јога. Ако ви е потребен брз наплив на енергија, вежбајте кардио.
13. Испланирајте ги оброците за неделата што следи
Тоа значи да одберете рецепти и да составите листа на сè што треба да купите или базирајте рецепти врз основа на она што го имате дома.
14. Направете листа на работи кои треба да ги направите
Ако можете да се сетите на 8 нешта кои треба да ги направите денес, но за секое од нив ви требаат повеќе од 15 минути, тогаш одвојте 2 минути и запишете ги за да не заборавите. Верувајте ни, вашиот мозок ќе ви биде благодарен.
15. Почнете ја или надополнете ја вашата листа на желби
Кој вели дека продуктивноста не е забавна?
С. С. | Црнобело