Мали животни приказни кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви стават насмевка на лицето

Малите и едноставни приказни кои претставуваат доловување на секојдневните мали и незначителни ситуации секогаш успеваат да ни ја стоплат душата и да не насмеат.

mali-zivotni-prikazni-koi-kje-vi-go-stoplat-srceto-i-kje-vi-stavat-nasmevka-na-liceto-001.jpg

Повеќето од нив, кога ги читаме, секогаш ги паметиме и ни покажуваат дека вистинската љубов можеме да ја најдеме насекаде околу нас.

Неколку кратки приказни кои ја прикажуваат најсветлата страна на човештвото и нè инспирираат:

1. Денес, мојот 75-годишен дедо кој веќе 15 години е слеп од катаракта, ми кажа: „Твојата баба е најубавото нешто што постои, нели?“. Се замислив за секунда и возвратив: „Да е, се согласувам. Се обложувам дека ти недостига да можеш да ја видиш секој ден“. Возврати: „Секој ден ја гледам нејзината убавина. Всушност, сега ја гледам повеќе отколку во младоста“.

2. Денес е денот кога мојата ќерка ја носам пред олтарот и ја оставам пред друг маж. Пред 10 години, успеав да спасам 14-годишно момче кое секој ден го посетував заедно со мојата ќерка. По извесен период самата почна да го посетува. Никој не веруваше дека ќе застане на сопствените нозе, но токму ова е моментот кога сам стои и чека да стави прстен на прстот на мојата ќерка.

3. Дојдов на работа во 7 часот наутро. Пред врата ме чекаше војник. Требаше да замине за Авганистан. Ми рече: „Вообичаено ѝ носам на мојата сопруга букет секој петок и не сакам да престанам да го правам тоа дури и сега кога си заминувам“. Потоа резервираше букети за 52 недели однапред.

4. Му кажав на мојот 18-годишен внук дека никој не ме побара на матура да одам со него, па не отидов. Се појави пред мојата куќа, облечен во костим и ме однесе на неговата матура.

5. Денес, по 11 месеци се разбуди од кома и ми кажа: „Ти благодарам што беше тука покрај мене, што ми ги кажуваше сите тие убави приказни и што никогаш не се откажа од мене... и да, ќе се омажам за тебе“.

6. Денес додека ручав во најблискиот парк, со автомобил дојде постар пар. Стариот човек излезе од автомобилот, дојде до совозачката врата, ја отвори и ѝ помогна на својата сопруга да излезе. Пуштија џез музика и танцуваа следниот половина час.

7. Денес требаше да оперирам малечко девојче на кое му беше потребна трансфузија на крв, имаше крвна група -0 како и нејзиниот брат. Го прашав дали ќе дарува крв и му објаснив дека е во прашање живот или смрт. Седеше мирно неколку минути и отиде кај своите родители да се збогува. Дојде кај мене и ме праша: „Кога ќе умрам?“. Мислеше дека го дава својот живот за неа. За среќа и двајцата се здрави сега.

8. Случајно го најдов дневникот на мојот татко. Пишуваше: „Имам 18 години, алкохоличар сум, ќе морам да се отпишам од колеџ, како мал бев малтретиран од родителите и имам криминално досие за украден автомобил. Од следен месец, на ова можам да додадам и татко тинејџер, но ветувам дека ќе бидам татко каков што никогаш не беше мојот“. Не знам како успеал, но своето ветување, знам дека го остварил.

9. Денес мојот 8-годишен син ме прегрна и ми рече: „Ти си најдобрата мајка на целиот свет“. Саркастично го прашав: „Како знаеш кога не си бил покрај друга мајка?“. Ми возврати: „Да сум бил. Ти си целиот мој свет.“.

10. Имам пациент кој има Ајцхајмерова болест. Едвај може да го запамети своето име и често заборава каде е и со кого зборува. Но, за некое чудо, многу добро се сеќава на својата сопруга кога ќе пристигне и најчесто ѝ вели: „Здраво моја најубава Кејт“.

11. Мојот 21-годишен лабрадор едвај може да застане, да гледа, да слуша и нема сила да лае. Но, може да ја мрда опашката од радост секојпат кога ќе влезам во собата.

12. Денес, исполнета со страв гледав како мојот 2-годишен син паѓа во базенот, но додека да истрчам докај него, мојот лабрадор влезе во водат и сам го извлече.

13. Мојот постар брат веќе 16 пати ми помогна да се ослободам од ракот. Директно комуницира со мојот доктор, го прави тоа без да ме праша и без да знам кога се неговите прегледи. Денес, докторот ме информираше дека канцерозните клетки драстично се намалени само за неколку месеци.

14. Мојот дедо брзо сврти со автомобилот и застана до најблиската цвеќарница. Ми кажа дека сака набрзина да купи букет за баба ми. Го прашав зошто е толку посебен овој ден што се брза. Ми рече: „Нема ништо посебно денес. Секој ден е посебен. Баба ти сака цвеќиња. Тие секогаш успеваат да ја насмевнат“.

15. Денес повторно го читав писмото кое го напишав пред да се обидам да се самоубијам. Тоа беше 2-ри септември 1996-та година, само две минути пред да се појави мојата девојка и да ми каже дека е бремена. Денес таа е моја сопруга и заедно сме веќе 20 години. Нашата ќерка уште малку и ќе наполни 21 година и има уште двајца браќа. Секојпат го читам тоа писмо како потсетник да бидам благодарен за втората шанса за живот која ја добив како и за безграничната љубов на мојата сопруга.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Половина од сијаличките на елката не работеа, лампионите беа во разни бои - Како украсувавме во '90-... Елките беа шарени, украсени со стаклени лампиони во сите бои. По елката стававме...
Нова година некогаш и сега: Сè се смени, останаа исти само руската салата и кифличките Иако скоро сè се смени во поглед на славењето на Новата година, трпезата остана ...
Од Скопје се преселив во Бразил: Китам елка на 37 степени, славам Божиќ на плажа Оваа година китев елка на 37 степени и мојот празничен дух не беше баш расположе...
Ретро спомени: Работи што ги правевме како мали девојчиња, а денес не би ги повториле Си ги пеглавме косите со пегла за облека, се фарбавме со инстант напитоците Step...
Мамо, гушкај ме почесто, те молам Мамо, помогни ми кога ми е тешко, утеши ме кога грешам и потфрлам. Не ме казнува...
„Вашето дете е расеано!“ – ми велат, но го сакам такво какво што е и не би го менувала за ниту едно ... Тргнала да си оди од училиште, но го видела другарчето дека е тажно, па за да го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg