Нема поубав сон од оној кога спиеш со мирна совест

Секојдневно се препуштаме на патешествија, секојдневно одговараме за сопствените грешки и избори, секојдневно живееме за истите луѓе и се бориме за истата љубов, неуморно, ненаситно, со последните атоми сила во нашето тело.

posle-se-vo-zivotot-edinstvena-cel-mi-e-da-spijam-so-mirna-sovest-01

Како да сме дизајнирани да не можеме да застанеме и за момент да го запреме светот кој ротира незапирливо.

Постојано во некакво исчекување, во битка да се освојат повеќе територии, да се запознае, да се открие, да се постигне. Една непрестајна потрага по уште.

Очекувања и соништа, скршени ветувања и солзи, смеа и радост, сето тоа испреплетено во битката за подобро утре. Сето тоа во еден живот, кој по секоја цена сакаме да го наречеме успешен.

Понекогаш се губиме и себеси, нашите морали, сè она што сме го граделе може за момент да се сруши како кула од карти, со само еден погрешен здив, со само еден погрешен збор.

Денешницата како да беше склона кон рушење или јас бев едноставно престрог кон луѓето. Се забораваа врските, се забораваше блискоста кога во прашање ќе се доведеше патот до остварување на сопствената цел.

Како сите да читале како да стигнат до целта, но притоа го прескокнале делот каде што биле опишани емоциите на оние околу тебе и начините на кои тие можат да бидат повредени.

Имаше скршени срца насекаде од раскинувања без причина. Имаше солзи, насекаде, од приказни кои ја имаа моќта да го растревожат и најтврдото срце.

Сето тоа со една и единствена цел, да се биде повеќе од другите, да се постигне повеќе од другите, да се создаде едно богатство со кое ќе се пофалиш пред светот и притоа ќе заборавиш како е да бидеш човек.

За жал колку и да тврдеа дека не е така, луѓето ја забораваа својата воздишка на тага, штом ќе почувствуваа и најмала моќ.

Својата човечност кога ќе беа облеани од силата на парите или позицијата која ја поседуваа.

Се претвораа во бесчувствителни движечки монструми кои не знаеја за ништо друго освен лични задоволства.

Се прашував, како спијат навечер?

Низ животот сфатив дека многу работи ќе се случат, а замислете уште за колку работи не бев свесен, оние што допрва доаѓаат.

Имаше и убави моменти, имаше и тага и среќа, да бидам искрен и двете научив да ги ценам подеднакво.

Во таа бура на емоции сфатив работи кои дотогаш ми беа сосема апстрактни.

Довербата на луѓето не треба да биде земена здраво за готово, бидејќи во денешно време беше апсолутно тешко да пронајдеш човек кој ќе може и ќе знае како да ти ја довери својата душа, а воедно и да ја почитува онаа твојата.

Парите се само материјално нешто, не велам дека не се потребни. Но, тие не ја дефинираа личноста.

Познавав луѓе кои трпеа за леб, а сепак имаа сјај во очите, сјај на среќа и љубов, сјај за кој многумина можат само да сонуваат.

Колку и да звучи како излитено клише, сепак беше вистина.

Но, најважно од сѐ, барем за мене, беше сознанието дека нема поубав сон од оној кога спиеш со мирна совест.

Затоа што и да правиш во животот, колку и да се бориш за успех, за слава, за престиж, за богатство, не го заборавај оној искрен човек кој се решил да тргне на тој пат.

Не ги занемарувај неговите морали и не ги отфрлај сите негови дотогашни сфаќања и знаења.

Не станувај бесчувствително зомби кое нема да може да восприеми ниту една човечка емоција.

Оствари ја својата цел, но оствари ја како искрено човечко суштество.

Сочувствувај, сакај и почитувај.

Не потценувај, не се преценувај.

На крајот на денот сите ќе се најдеме во површина метро на две метра, на длабочина од два до три метри.

Таму нема престиж, таму нема слава, таму нема поделби.

Таму сите сме исти.

Па зошто да се преправаме дека сме нешто посебно додека живееме кога на крајот исто ќе завршиме?

Зошто да се превртуваме во сопствената постела кога е многу полесно да имаме мирна совест за подобар сон?

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пиевме сок од пластични чашки, жените носеа лисици на врат - Фотки кои будат носталгија по среќното ... Бевме деца седнати пред телевизор и секоја вечер во 7 чекавме да почне цртаниот ...
Од Скопје се преселив во Бразил: Китам елка на 37 степени, славам Божиќ на плажа Оваа година китев елка на 37 степени и мојот празничен дух не беше баш расположе...
Ученици му се смееја на професорот за погрешниот одговор, а тој им одржа животна лекција Професор им одржа животна лекција на своите ученици: „И да направите милион добр...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
10 ју-хитови кои ги пеевме погрешно - и денес се смееме до солзи кога ќе се сетиме на нив Дали и вие наместо „Ostalo je još malo kremena u ovom mom starom upaljaču“ си пе...
Иван Јованов за CRNOBELO лексикон: „Им ја извадив вратата на комшиите кои не сакаа да ми ја вратат т... „Бев одличен до осмо, ама во средно почнав да забушавам, но од тогаш и заработув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg