Мразам збогувања, затоа што сите кои се збогувале од мене никогаш не се вратиле

Седам на куферот пред автобуската станица, сам. Очекувам од некаде да се појавиш, a знам дека нема да дојдеш бидејќи јас не те известив за моето заминување, себично од мене.

mrazam-zboguvanja-01

Сепак колку и да знаев дека нема да бидеш тука, сакав да те видам пред да тргнам.

Многу сум контрадикторен, отсекогаш сум бил кога станува збор за нешто што е врзано околу размислувањата и постапките. Секогаш бев различен од светот, нешто што беше општо познато за сите.

Знам дека ќе се налутиш кога ќе дознаеш, исто така знам дека при нашата следна средба ќе ги почувствувам твоите прсти на лицето, но не од среќа, не од љубов, туку од лутина која ќе излегува од твоите очи. Не ми пречи, мене ми си најслатка кога се лутиш, а ти уште повеќе се лутиш на тоа. Сакаш да го задржиш тој став на лута женска личност, а јас прснувам од смеа, како детиште. Но што можам, посилно е од мене.

Отсутен сум со мислите лутам некаде, сеуште го чекам твоето појавување, едно безнадежно чекање на настан кој нема да се случи, не по твоја вина, туку по моја. Јас сум виновник со намера. А тоа што не те известив, ако се сеќаваш е врзано со мојата апатија кон збогувањата. Без разлика дали одев на кратко или одев засекогаш, мразев збогувања.

Некако како да будеа негативни чувства, мислев дека ако се збогувам тоа значи дека тоа е последната средба, сметав дека оној кој што се збогува никогаш нема да се врати. Ме болеше и предизвикуваше солзи на моите очи, без да барам, без да сакам. Како маж пробував да се контролирам и да ги задржам во себе, но нешто не ми даваше, секогаш излегуваа колку и да се противев.

Збогувањето за мене е чин кој треба да биде забранет со закон, не сакам да се збогувам, бидејќи мојот пат е пат кон подобро, без разлика дали одам на патот кон болница или на работа некаде далеку. Во двата случаи се обидувам да се изборам за себе, за нас, за сите.

Доволна е болката на самиот процес, зошто да налеваме уште солзи на отворена рана?

Зарем мислиш дека твојата прегратка и твоите солзи на одење ќе ми олеснат нешто?

Баш напротив, ќе посакам да се заријам во твоето тело, како крвожедна, алчна пијавица и никогаш нема да сакам да се одвојам. Бидејќи колку и да изгледам ладно ќе ми недостига, секој ден, секоја секунда додека ме нема.

Затоа ги мразам, од дното на душата, можеби затоа што сите што се збогувале од мене никогаш не се вратиле. Сите се некаде во рајот, на подобро место, тие ја завршиле својата борба. Затоа мразам солзи и испраќања кога одам на пат. Бидејќи ако морам да речам збогум, тоа ме потсетува на престанок на борбата, а знаеш дека нема да престанам да се борам. Знам дека нема да разбереш, но како и да е јас разбирам.

Додека возачот предупредувачки свири, јас ја местам мојата торба, колку и да мразам, сакав да те видам, но тебе те нема, никој нема. Дојдов сам, заради сите причини погоре кажани. Се вртам повторно, да го почувствувам воздухот на домот, топлината на домашното сонце. Застанувам до прозорот со мислите некаде во далечината. Замислувам дека си долу и мавташ, ти и твојата грациозност.

Вака е полесно, нема солзи. Нема болка која ќе ме втурне во депресија, нема причина да ме тера да се премислам. Вака тргнувам без омраза, нема збогување, бидејќи јас ќе се вратам, а каква потреба од збогување кога некој ќе се врати?

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Иван Наумовски за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Солзи сами капат, прости ми'“ „Се плашам да не ми се падне лото и да станам милионер“... Оперскиот пејач Иван ...
„Ќе дојде тетка ти од Србија, ти бриши ги прозорците, заедно ќе го исчистиме фрижидерот“ Ние како и секоја нормална македонска фамилија, ја исчистивме куќата, се искарав...
10 најубави Македонски народни приказни со кои растевме и ни будат носталгија (видео) Има ли некој кој не се сеќава на Ѓорѓи Колозов и неговата маестрална улога на кр...
Драг сопругу, потребен ми е одмор понекогаш Драг сопругу... Морам да ти го напишам тоа што често се борам да ти го објаснам,...
Александар Динев за CRNOBELO лексикон: „Ми се допаѓаше девојче од клас, дечко ѝ ми беше најдобар дру... „Како мал имам паднато на остар камен, директно во чело. Кога станав, истиот ми ...
Ученици му се смееја на професорот за погрешниот одговор, а тој им одржа животна лекција Професор им одржа животна лекција на своите ученици: „И да направите милион добр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg