Никогаш не сакам да те напуштам

Никогаш не сакам да те оставам, напуштам.

moram-da-te-napushtam-barem-malku-01.jpg

Не сакам да дишам без твоите нежни како пердув усни, да ги раширам моите крилја без звукот на твојата нежна насмевка. Зошто би сакала?

Тоа е суровото проклетство на љубовта. Да биде толку зрела, исклучително вкусна. Толку што моето постоење без тебе се чини како безбојно, несоодветно, незначително.

Но драги, јас сум изгубена.

Заборавив како да стојам на сопствените две нозе. Како сама да вдишувам. Бев толку зафатена со ревносното одење кон нашата прекрасна заедничка иднина, иднина која цути. Сите мои вдишувања брзаа за да го дофатат ритамот на нашето сочно срцебиење.

Затоа што вистина е – никогаш не сакам да те оставам.

Моите усни не можат да поднесат да ги напуштат костенливите влакна на твојата боцкава брада – твојата брада која ги бои моите образи во црвено, која ми остава точки на образите и весело ми шепоти.

Моите раце одбиваат да се одвојат од топлината на нашите раце кои се ткаат заедно, нежното и невино испреплетување на нашите прсти, непрестајното заедничко отчукување на нашите срца

Но драги, јас прецврсто те држам, те стискам очајно, плашливо...

Моите нокти се заринкуваат, копајќи, грабајќи го пресилно твоето нежно срце.

Се загубив. Се чувствувам празно, површно, гладно. Како дух кој е во потрага по нешто непознато.

И се мразам себеси што морам да го кажам ова, но морам да те оставам. Само малку. Сосема малку.

Морам да се сетам како самата да го вдишувам кислородот, да ја допирам земјата. Морам да се сетам како сама да застанам на сопствените две нозе.

Морам сама да одам во темнината. Да, морам сама.

Морам да те оставам. Само малку. Сосема малку.

Ќе ти шепотам тивко „Извини“ додека ги одлепувам моите раце од твоето нежно срце, како чаршафи на сува кожа. Додека нашите усни се одвојуваат со последниот бакнеж за збогум.

Ќе го наполнам моето гладно срце, додека не созреам.

Мора да постои простор меѓу нашите души, пауза меѓу нашите бакнежи, кратко одвојување на ритамот на нашите срца.

Само тогаш ќе можете да го слушнеме силното, гладно завивање на нашите најдлабоки тајни.

Затоа морам да го направам ова.

Морам да те напуштам.

Оставам.

За да се пронајдам себе.

Морам да ги раширам моите одамна залепени крила.

Те сакам.

Но, морам да го направам ова сама.

И како што заминувам од врата ги слушам твоите тивки зборови: „Разбирам“.

„И мене ми е потребно ова“ – празно сфаќање, но лепливо како ванила.

Заедно ќе го направиме ова.

Заедно, но од далеку.

Многу далеку...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Екс-ју песни кои годинава полнат 40 години (и ќе ви разбудат носталгија) Можете ли да поверувате дека „Princeza“ од Слаѓана Милошевиќ и Дадо Топиќ својат...
„Го оставив сопругот бидејќи со него се чувствував како самохрана мајка“ „Го оставив за многу причини, но најмногу бидејќи никогаш не ги подготви децата ...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
Сара Мејс за CRNOBELO лексикон: „Бев тешка бубалица, плачев кога ќе добиев 5 минус“ „Правев некој експеримент по хемија со памукчиња - ги потопував во разни видови ...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg